Здраво, имам проблем со полнач тип: Parkside PLG 12 A3. На излез треба да дава 12,6V и 2,4А (спрема налепницата). Али од како увидов дека никако не можи да ја наполни батеријата (на полначот има две лед диоди кои сигнализират дали е наполната батеријата, зелена лед или се уште се полни, црвена лед) го измерив напонот додека се полнеше батеријата и беше 10,5V. Додека напонот без батерија е 12,4V. Наредниот ден пак го пробав, исто така, па почна да се палат наизменично црвената и зелената лед и се слушаше како да се менува шумот од високо фреквентното трафо, па го исклучив. Го вклучив пак и не светеше ништо, напон иди до високо фреквентното трафо и толку. Дали некој имал сличен проблем или некоја насока да ми дајте , секоја помош е добро дојдена. Инаку плочката од долна и горна страна изгледа нормално, нема ништо навидум изгорено, батеријата е пробана на друг исти таков полнач и си полни до макс.