Author Topic: LED Strip Tester RT300M  (Read 3335 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
LED Strip Tester RT300M
« Opened on 05.09.2018, Wednesday, 02:52:59 (Edited 04.02.2020, Tuesday, 18:44:46) »
Денес ми стигна LED Strip Tester-от (нешто што Toma сакаше сам да го прави во оваа тема) и морам да признаам... Кинезиве се надминале себеси :)... барем во однос на функционалност на уредот, во однос на изработка ::)... се знае, не е „нај нај“, ама проаѓа ;).



Еве како изгледа внатре тестерот.





Се разбира, морав да направам некоја преправка :P, барем во примарот :D. Додадов еден керамички кондензатор од 100pF во паралела со големиот електролитски кондензатор во примарот и еден LC филтерски степен пред кондензаторот во примар ;). А да, и ги прелемив дел од компонентите и го сменив и напонскиот кабел бидејќи беше направен од Кинески бакар (алуминиум со бакарен „премаз“ ::)).









Кога ќего пуштите во работа, веднаш на излез го дава максималниот излезен напон, кој е 310V.



Но, ако го оптоварите дури и со една моќна LED диода, напонот почнува да паѓа додека не го достигне напонот за проведување на LED диодата (ова се случува релативно брзо). За цело време додека паѓа напонот, струјата на излез е 0mA. Кога напонот ќе падне доволно за да LED диодата влезе во нејзиниот нормален работен мод, тестерот полека ја зголемува излезна струја (почнува со неколку милиампери, за потоа да рипне на 20, 30, 40, 50mA, итн.) додека не достигне определена вредност (во конкретниот случај 70mA) и потоа веќе не расте струјата на излез од тестерот (за да не ја оштети LED диодата).







Тестерот има многу автоматизирани опции (нема никакви копчиња, ниту контроли за подесување), меѓу кои се и автоматска детекција на поларитет на диодата (менува поларитет доколку погрешно ја врзете LED диодата), автоматско гасење на излезниот напон доколку повеќе од 30 секунди тестерот стои на 310V, што значи дека ништо не тестирате (се пушта повторно во работа со кратоспојување на сондите), максимална струја од 300mA и максимален излезен напон од 310V, како и заштита од краток спој (на следната слика).



Моментално немав некој LED strip за да го пробам со strip, но штом работи со една LED диода, би требало без проблем да работи и со strip ;).

Се е изведено со микроконтролер кој најверојатно прати што точно се случува на излез од колото (мери струја и напон) и врз база на тоа, се прилагодува на компонентата која се тестира. Каков микроконтролер користи, не знам, ознаките се избришани за жал :S.

Се на се, сметам дека вреди за парите и дека е солидна алатка за тестирање на моќни LED диоди и LED strip-ови ;). Пробав да видам дали може и зенер диоди со него да се тестираат, ама изгледа не може... штета, баш ќе беше добро да можеше, имам еден куп зенерки со избришани ознаки :P.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Re: LED Strip Tester RT300M
« Reply #1 on 11.09.2018, Tuesday, 17:39:52 »
саааамо малце да те поправам, плочките што се од ЛЕД светилки се лед бар не е лед стрип :D

и дај линк молим те :D
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: LED Strip Tester RT300M
« Reply #2 on 11.09.2018, Tuesday, 19:23:28 »
Јас ги знам како LED strips, backlight, не и како LED bars ???.

Еве линк ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/232621367234
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: LED Strip Tester RT300M
« Reply #3 on 13.09.2018, Thursday, 18:40:47 »
 Според членот Zan инструментот од линкот може да мери и зенер диоди.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=14324.msg123842#msg123842
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: LED Strip Tester RT300M
« Reply #4 on 13.09.2018, Thursday, 23:13:44 (Edited 01.08.2019, Thursday, 00:56:21) »
Пробав, ама не прикажува баш прецизно. Пробав на 5.6V-на зенер диода, вредноста шеташе од 4.9 до 5.3, ама не покажа повисоко од тоа. Мислам дека инструментот детектира дека не се разботи за LED диода и едноставно не пропушта струја низ компонентата (индикаторот за јачина на струја цело време беше на 0mA) и автоматски, бидејќи не тече струја (тече, ама во микроампери... што практично може да се занемари), не може вредноста на напонот на краевите на инструментот да ја држи стабилна и поради тоа вредноста шантра и не покажува како што треба.

Ова се случува со мојот инструмент. Можно е неговиот да може, не знам. Мојот прикажува и јачина на струја на излезот... најверојатно нешто се разликува во дизајнот (не е само амперметар додаден). Имено, мојот скалесто ја накачуваше јачината на струјата на излезот од инструментот. Оној од клипот, барем колку што забележав, најверојатно нема контрола врз излезната струја (LED диодата веднаш светнува со максимална јачина, што не е случајот со оној јас што го набавив).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."