Не би рекол дека е *професионален* а камо ли *лабараториски* извор.
Од гледна страна на дизајн :
1. Како што рече, да прилично многу стар дизајн на самата шема
2. Користи 741 операциски засилувачи кои што, покрај нивната голема слава во историјата на аналогниот дизајн и општо електрониката, имаат *МНОГУ* лоши карактеристики од модените операциски засилувачи (rail-to-rail offset voltage, ниво на шум, CMRR итн)
3. Струјниот регулатор (и целата *струјна* логика) е сместена после напонскиот стабилизатор, ова е многу лош дизајн.
Истотака авторот на овој склоп нема дадено никакви карактеристики за неговата работа (многу убаво навистина е објаснета изградбата и работата).
Поздрав