Здраво,
Претпоставувам дека алармната централа сакаш понатаму да ја користиш бидејќи централно ги командува бравите од вратите, па сакаш далечинското да го користиш за таа намена.
Алармната централа, освен што е поврзана со сензори (потрес, движење, отворање на врати, отворање на хауби, и сл.), и актуатори (сирена, сјалици за жмигавци или позиција, бравите од вратите и сл.), често е поврзана на одреден начин со системот за "палење" на колата, односно има функција блокада на палење (ако се активира алармот - да неможе колата да ја запалиш, можеби само ќе верглаш).
Ако само ја исклучиш сирената, како што ти предлагаш (на било кој начин од погоре предложените решенија), сепак функцијата како аларм ќе остане да функционира. Имено, кога ќе ти е заклучена колата, алармната централа ќе биде со состајба - ARM (вооружена), и во случај на активирање (нанекој од сензорите), таа се ќе направи што и обично прави кога ќе се активира, само нели нема да свири сирената. Т.е. ќе треба да си свесен дека можеби се активирал алармот а не си го "слушнал".
Ако со ова си задоволен, тогаш тоа е тоа.
Во спротивно, мислам дека минимум ќе треба да ја "исклучиш" (да не речам одповрзиш, вратиш назад по старо како кога немала колата аларм) заштитата - блокада на палење. Или, нели, ќе треба да си свесен дека ако можеби се активирал алармот, сега прво ќе треба да го деактивираш за да можеш да ја запалиш колата.
P.S.
Генерално, јас не би те советувал буквално да ја исклучуваш сирената. Остави ја неа.
Пример, сензорот за потрес се штелува, да не биде толку осетлив, т.е. да го поставиш да биде "туп". Или, претходно некој од форумот ти предложи сензорот за потрес да го исклучиш. На тој начин, алармната централа сепак ќе те штити од провала во колата, да ако некој неовластено ти отвори врати или хауба, таа ќе реагира (ќе се активира) и ќе се појави звук на сирена и останатите функции.....
Поздрав,
mkfe.