Можно е да е проблемот до самата Wi-Fi картица, поточно драјверите на картицата за под Windows. Најчесто, драјверите за Wi-Fi картиците за под Windows се пишувани на тој начин, така што определени опции кои хардверот (картицата) ги има, можно е да не бидат достапни за подесување или воопшто да ги нема во драјверите наменети за Windows. Пробај да направиш Ad-Hoc мрежа под Linux, најчесто драјверите за сите уреди (општо) под Linux имаат многу повеќе опции за подесување од драјверите под Windоws. Да, тоа најчесто значи работење под конзола, но... тоа е тоа.
Сега ми текна, провери и дали има понови драјвери за твојата Wi-Fi картица за Win7. Ако има, пробај со нив
, можно е да има некои подесувања кои во постарте драјвери ги немало или „тивко“ да се пушта некое подесување кои во овие драјвери го немало
. Ако ова не префункционира, пробај и со постари драјвери, можно е да „запали“ и некој од постарите верзии (ако ги има).