Што знам, искрено, s доменот не сум го користел... барем не во праксата, но многу често се користи во теоријата за дизајн на филтри
. Дури мислам и дека во LspCAD можеше да работиш во s домен при дизајн на филтерот
. Искрени да бидеме, ретко се користат овие теоретски анализи во праксата, освен ако не се дизајнира некој нов State-Of-The-Art уред, и најчесто професори на факултети ги користат при дизајн на дигитални модели од некои транспортни системи за податоци или аналогни сигнали, со цел да може полесно да се забележат предностите и недстатоците на преносниот канал и каква фреквенциска и фазна карактеристика да имаат предаватлните и приемните филтри со цел полесо да се справат со шумот и (евенуално, ако сатанува збор за дигитални преносни медиуми) интерсимболната интерфенција (ИСИ).
Како што спомнав, искрено, никогаш го немам користено во практични цели овој метод, така да, не сум многу навлезен во практичната примена на s доменот.