Author Topic: Проблем со матична плоча Gigabyte GA-60F Rev 1.0  (Read 3228 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Пробав се со плочава, изгледа дека е „мртва“, ама ај си викам, да прашам и некој друг за мислење, можеби ќе излезе дека грешам ;D.

Значи, пробав се со плочава, извадив се, само плочата, не јавува знаци на живот кога се пали, има onboard beeper и секогаш кога ќе се запали, само што ќе се вклучи плочата на напојување (значи само плочата, без CPU, RAM, графичка), од beeper-от само се слуша едно „цк“, и толку. Одкако ќе остане запалена едно 4 или 5 секунди, пак се слуша уште едно „цк“ од beeper-от, и тоа е тоа, ништо нема, ни post screen, ни beep индикација дека нешто и фали (CPU, RAM...), ништо. Едностано така си седи пуштена и тоа е тоа :S. На монитор ништо не се прикажува, инаку има onboard VGA, но и доколку и се додаде графичка, пак ништо не покажува, мониторот си останува исклучен, не добива команда за да се пушти во работа. Ова се случува без разлика што ќе ставам на неа, CPU, RAM, HDD, пак е истата процедура, едно „цк“ при палење на матичната плоча и уште едно по 4 или 5 секунди (значи ова не е beep, туку е баш само „цк“). Сменив PSU, пак истата ситуација, така да не е до напојувањето :S.

Имаше само едне момент кога ми даде надеж матичната, поврзав CPU, RAM, GPU и HDD, е тогаш кога го читаше HDD-то, LED индикаторот за работа на HDD-то трепкаше. Ова се случи со еден 800MB-ен HDD, потоа ставив еден 4GB HDD, со него пак не јави работа на главата на HDD-то (не трепкаже LED диодата за иникација на работа на HDD). Со тој 4GB-ниот HDD, дури и имаше додатен проблем,не знам зошто, но кога го приклучив HDD-то, се најнормално, си заврте моторот за дискот, арно ама, главата за читање не работеше, само завртува моторот за дискот и тоа е тоа, така само си врти, главата за читање, не се осеќа кога чита :S. Со изваден IDE кабел, немаше проблем, главата си работеше без проблем, си го исчита HDD-то и тоа беше тоа. И при овите тестови со HDD-иња, пак матичната плоча не даваше знаци на живот (пак само тоа „цк“, „цк“, ништо друго :S).

Само сакам да напоменам (за да нема забуни) дека плочава е всуштост извадена од Packard-Bell машина, така да нема да најдете спецификации за неа на сајтот на Gigabyte, всушност ретко каде може да се начекаат спецификации за неа :S. Единствена работа по која се знае дека станува збор за Gigabyte плоча е логото на Gigabyte на самата матична плоча, освен тоа, не пишува Gigabyte на нитуедно друго место. Може да се начека и под името Atlantis GA-60F или Packard-Bell GA-60F. Единствен проблем е тоа што друга ревизија на матичната плоча јавува на net, некоја си ревизија 0.2, за разлика од оваа која е ревизија 1.0, но во принцип, распоредот на компонентите е ист ;). Инаку станува збор за micro ATX плоча, еден AGP слот и 2 PCI слота.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Pance24

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 101
А ги провери ли рамот? Доколку не пробај со друг рам, ако не е и до него провери дали прцесорот ти е исправен побарај некој на ист соцкет,графика не верувам да е. исто така извдимуја батеријта од биосот и стави ја полсе 2-3 сек и види дали ке кажи нешто.

Offline donis92

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
батеријата не е од биосот туку од ц-мосот и не е 2-3сек туку треба минимум 10мин да се стабилизира и да се вратат фабричките подесувања  ;) :)
d.t

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Проблем со матична плоча Gigabyte GA-60F Rev 1.0
« Reply #3 on 06.04.2011, Wednesday, 01:04:52 (Edited 06.04.2011, Wednesday, 01:06:35) »
РАМ меморијата нема врска со стартувањето на БИОСОТ.И да нема рам треба да сигнализира (титнува два три пати базерот).Друго,батеријата служи за зачувување на податоците во биосот и со нејзино вадење ( 20 секунди отприлика) или преместување на краткоспојникот во положба -празнење, се ресетира БИОСОТ ,Значи,тој ке остане без подесувањата кои повторно треба да се направат,ако сакате компјутерот да работи по ваша желба.
Гига ,последна препорака -извади или заштити со фолија се што е пластика и стави ја во загреана рерна на 200 степени точно 8 минути.Не е штос,ако е разлемен чипсетот или имаш проблем со некој фет во напојување има шанси тоа да се поправи.Може би ке се подуе некој електролит(ако е засушен!) ама ќе го замениш лесно(или за проба само извади го!)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
А ги провери ли рамот? Доколку не пробај со друг рам, ако не е и до него провери дали прцесорот ти е исправен побарај некој на ист соцкет,графика не верувам да е. исто така извдимуја батеријта од биосот и стави ја полсе 2-3 сек и види дали ке кажи нешто.

Се е ова пробано, верувајте, буквално се од ова е пробано :S.

Гига ,последна препорака -извади или заштити со фолија се што е пластика и стави ја во загреана рерна на 200 степени точно 8 минути.Не е штос,ако е разлемен чипсетот или имаш проблем со некој фет во напојување има шанси тоа да се поправи.Може би ке се подуе некој електролит(ако е засушен!) ама ќе го замениш лесно(или за проба само извади го!)

Па нема што да изгубам, плочата и онака е најверојатно отидена :S.

А може да пробам со „фенот“ чиповите од chipset-от само да ги загреам? И MOSFET-ите од напојувањето? Или ова не е доволно бидејќи не се знае точно која компонента е во прашање, па може и да ја промашам таа која всушност треба да ја „прелемам“ (со ставање во рерна ;D)?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ја пробав таа „финтата“ што ја пиша batka (со рерната), сега нема никаов знак на живот од страна на плочата, ни „ц'цка“ ни beep има... ништо :S. Сега само се пушта, и за живо чудо сега свети LED диодата која светеше за индикација дека плочата е врзана за напојување ;D (претходно не светеше), се пушта кулерот за CPU, се извадено од плочата освен CPU, и нема знаци на живот, само така си седи и си работи кулерот, и толку :S. Мада искрено, и го очекував ова, но во секој случај, не беше на одмет да се проба ;). Ако проработеше ќе беше супер, но тоа е тоа :S.

При „печењето“ на плочата, неколку кондензатори се подуја и направија „пууфффффф“ (она, како што прават кондензатори кога ќе се пробијат, ама со малку поголем напон од декларираниот) и не ги сменив (со друго ми е моментално зафатена работната маса), така да, може и да е до нив проблемот, така да треба и нив да пробам да ги сменам, па да пробам пак, но моментално немам време, така да тоа ќе го оставам за другпат ;).

Ако по менувањето на кондензаторите има промени, ќе пишам ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Хехе Гигават имаш ајва со топол воздух а ти ја ставаш во рерна  ???  ??? Има џампер на CMOS премости го на 2-3 нога и оклучи го да работи 2-3 мин со извадена батерија па пробај .... друга варијанта е да ја оставиш да постои со извадена батерија 1 ден да се испразнат убаво кондензаторите и после оклучи ја со извадена батерија .... многу пати е успевало тоа..... и тоа повеќе се случува на матични плочи со интегрирана графичка...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
 :D :D :D За проба со  прсти извади ги подуените пуфффф кондензатори,оти знаат така *фризирани* да даваат кратки споеви во линијата на напојување!! Се десило од прва да не тргне плочата,но по десетина*присилувања* да тргне.Исто како и експериментот со графичката која е донесена со компјутер како неисправна.Ја вадиш од слот,ставаш нова графичка и компјутерот тргнува. Ја вадиш новата,ја враќаш старата и таа продолжува да работи!? Проверена работа,во некои случаи!!

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Дада .... колку пати се е случувало тоа .... една матична 3-4 пати да ја продадам  :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Хехе Гигават имаш ајва со топол воздух а ти ја ставаш во рерна  ???  ???

Е да, ама ај иди дознај кој компонета е „подизлемена“, треба цела плоча да ја загревам со леткумот на топол воздух и само да го трошам геачот, вака целата се загрева и тоа е тоа ;).

Има џампер на CMOS премости го на 2-3 нога и оклучи го да работи 2-3 мин со извадена батерија па пробај .... друга варијанта е да ја оставиш да постои со извадена батерија 1 ден да се испразнат убаво кондензаторите и после оклучи ја со извадена батерија .... многу пати е успевало тоа..... и тоа повеќе се случува на матични плочи со интегрирана графичка...

Како што пишав и пред тоа, на почетокот на topic-от, ги знам сите овие „финти“, се од ова беше пробано, и јас едно време работев како сервисер за компјутери, ги знам сите овие „финти“, само таа со рерната не ја знаев ;D. Како и да е, се од ова беше пробано, ништо не профункционира :S. Ова беше последно решение :S. И не профункционира, така да, изгледа навистина била зезната матичната плоча :S.

:D :D :D За проба со  прсти извади ги подуените пуфффф кондензатори,оти знаат така *фризирани* да даваат кратки споеви во линијата на напојување!! Се десило од прва да не тргне плочата,но по десетина*присилувања* да тргне.

Ќе го пробам и ова, иако сега не сум во можност, но дефинитивно планирав да го пробам, знам дека подуени кондензатори знаат да прават споеви, затоа и не сум 100% сигурен дека е неисправна, па пишав дека ќе пробам уште тоа, па ако работи, ОК, ако не, оди за делови и тоа е тоа :S.

Исто како и експериментот со графичката која е донесена со компјутер како неисправна.Ја вадиш од слот,ставаш нова графичка и компјутерот тргнува. Ја вадиш новата,ја враќаш старата и таа продолжува да работи!? Проверена работа,во некои случаи!!

И ова го знам, ми се има случено неколку пати ;D. Сум се чудел, ама си викам, штом работи, нека терa ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline tefe_negro

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 69
  • Gender: Male
Одг: Проблем со матична плоча Gigabyte GA-60F Rev 1.0
« Reply #10 on 12.07.2012, Thursday, 02:14:08 (Edited 12.07.2012, Thursday, 02:22:19) »
Имав ист таков проблем со истата плоча . Стави ги сите компоненти на неа ЦПУ,РАМ , и приклуци само флопи дриве .кога ке ја стартуваш плочата би требало по некои 10тина секунди самата да почне да го чита флопи дискот . Ако тоа се случи земи една дискета симни биос за плочата и наснимај го на дискетата . Можно е со него да оди и флешер и ауторан фајл не е проблем наснимај ги и нив .Ако е се во ред за некои 3 до 5 мин самата ќе се флешува и се ќе се врати во нормала . Не сум сигурен дали се стискаа некои копчиња на тастатурата ама ќе проверам,мислам дека имам и биос за плочава па ако го најдам ќе го постирам .

Code: [Select]
http://www.mmnt.net/db/0/0/ftp.abc.kharkov.ua/pub/drv/Drivers/Motherboard/GigaByte/GA-60F

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Плочата одамна е вратена назад на сопственикот и највеорјатно е во канта :S.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Темава вреди да се заклучи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Проблемот не е решен, но плочата веќе ја немам, така да, ќе ја заклучам темата.