Разликата е во нивната поддршка под различните оперативни системи, при што најголема поддршка имаат Atheros, Broadcom и во последно време Ralink чипсетот.
Исто така разликата е во поддршката за Monitor, Promisuous Mode, Inject Capability, Master Mode на картиците, при што најповолни се Orioncо картици кои не се продаваат во нашата земја, а втори по можности се картиците базирани на Atheros чипсетот.
Исто така има разлика во излезната моќност, пример имам Intel 3945abg картица во лаптопот кој вади максимално 32mW моќност, додека оваа картица која ми е ставена на рутерот ( LevelOne WNC-0300 - Atheros Chipset ) ми вади минимум 50mW моќност.
Има уште многу разлики, но ова се најглавните од нив.