За најголем број од дилемите мислам дека доби одговори.Значи,ако сакаш да комуницираш најдобра варијанта ти е ЦБ радио ( граѓански опсег од 27 до 27,7 Мхз мислам дека беше) Овој банд е цивилен (граѓански) и треба да бидеш пријавен ,најдобро преку некој Радио-клуб.Не кажа од каде си ,да ти посочиме каде да се обратиш,ама ако си ученик или средношколец можеш да се зачлениш во некој радио-клуб и да научиш некои работи.На ЦБ се работи АМ ,канално,мислам дека во нашите закони не се дозволени ФМ/ССБ емисии на овој опсег,снагата е лимитирана на 2/5 вати.И тука има правила на однесување,значи фер-плеј,коректност,избегнување на сметање ако друг работи на некој канал итн.
Секое друго емитување без дозвола на некој опсег се смета за прекршок и се казнува со закон ,а меродавна за овие прашања е АЕК .Ако сакаш комерцијална работа потребно е да конкурираш како ДОО ,значи како фирма на конкурс за доделување на концесии за некаја фреквенција која се плаќа просечно по 2-3000 ЕУ за 3 до 5 години (зависно каде емитуваш)