Ништо, црна слика, менува програми, нема ништо на екранот, од тјунерот нема излезен сигнал, со осцилоскоп гледав. Ништо не оди надвор од него, сите напони ги има ама нема ништо надвор од тјунерот, 0V. Ставаш AV сигнал, нема проблем, си прикажува се.
Телевизоров е стар, не планирам нешто посебно да се замарам околу него, сменив 500.000 кондензатори, му реков на газдата, ако го најдам делот за малку пари, ќе му се исплати поправката, ако не, не му се исплати, така да, ми рече, ако не се прави, земи си го. Ако најдам од некаде цел МФ степен или само тјунер, ОК, ако не, иде за делови и готово.