Author Topic: PIC10F32X - 6 пински микроконтролер со конфигурабилни логички келии  (Read 3489 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Пред не многу брзо време (за малку една година ќе направат  ;D) микрочип ги прати во промет новите серии на нискобуџетни економични микроконтролери од серијата PIC10F32X, ова се првите микроконтролери кој имаат само 6 нозе/пина. Оваа серија на микроконтролери се преработена верзија на старо познатата серија P10F2XX (во оваа серија припаѓаа 6 члена, да не ги набројувам сега кој се прогугалјте ќе ги најдите сигурно). Малите димензии на овие микроконтролери ги прават да може скоро во сите поедноставни системи да се вградат каде е потребна интелигенција, типишен пример ви дигитален сензор за бременост  :D

Иако вака на изглед минијатурни не би требало да се очекува многу од нив, но напротив оваа серија на микроконтролери ги има скоро сите можности од останатите фамили на PIC микроконтролери (како што е 12F или 16F серијата) и плус некој дополнителни можности кој тие серии ги немаа до пред некое време :)

Базирани на старата архитектура на 10F2XX серијата, овие микроконтролери се малку подобрени и содржат нови делови кој досега не се појавени и видени во одредена серија, меѓу попознатите (кој ги има и кај другите серии и типови микроконтролери) се вбројуваат
- можноста за хардверско генерирање на PWM
- 8 lvl хардверски стек
- внатрешен осцилатор од 16MHz (плус можност за избор на 31kHz осцилатор) кој работи со многу мала енергија/потрошувачка
- 8 битен AD конвертор

Новите уникатни додатоци кој ги содржат овие 6 пински „џуџиња“
- Конфигурабилни логички келии (Confi gurable Logic Cell - CLC)
  Ова ви овозможува конфигурација на 4 влеза за работа со булеан логички операции, можете да ги конфигурирате како И, ИЛИ, НИ, НИЛИ, ЕКСИЛИ, ЕКСНИЛИ и сите останати логички комбинаци, можете да ги конфигурирате како D/JK/SR флип флопови, односно можете софтверски да ги контролирате скоро сите дигитални логички операции, оваа контрола се врши преку софтверот (кој вие ќе си го напишите).
-Комплементарен генератор на функции (Complimentary Waveform Generator - CWG)
  Оваа можност ви дозволува да изведете (изгенерирате) одредена функција од сигнал донесен на влез на микроконтролерот, независно дали тој сигнал ќе е од сопствениот PWM кој го има овај микроконтролер или ќе работите со прекини (interrupt), ќе генерирате сигнал со CLC делот или пак со DDS делот кој го содржи во градбата, за да добиете некој сигнал за контрола, оваа единица тоа ќе ви го овозможи, во градбата содржи можност за автоматско исклучување што ја прави прилично ефикасна, може да се применува на пр. кај контролите за мотори (електрични мотори :D).
 -Директна дигитална синтеза (Direct Digital Synthesis DDS)
Ова е еден од ретките делови кој се вградува кај микроконтролерите, многу ретко може да се најде кај било кој останат микроконтролер, најчесто ова се изведува надоврешно со помош на дополнителни DA конвертори. Ова е еден од стандардните додатоци кој го содржи овај микроконтролер, 16 битен PWM со фиксна константа импулс- пауза од 50%, зголемен фреквентен опсег може да се користи како во напојувањата така и во светлосната техника.
-Интегриран сензор за топлина
Ова не би требало да претставува нешто сложено, едноставно во градбата е интегриран сензор за топлина кој би се користел во нискобуџетни мерења.

Можностите на овај 8-битен микроконтролер се доволни за да ги задоволат потребите во повеќе делови од техниката каде е потребна не многу голема дигитална интелигенција за контрола на одредени процеси, мерења и слично.
Покрај гореспоменатите можности, овие микроконтролери ги имаат и следнит еможности:
- Архитектура од средна класа (веќе спомната погоре, се базира на 10F2XX серијата)
- Можност за сопствено запишување во флеш меморијата која ја поседуваат
- Многу мала потрошувачка (LF сериите) кој би можеле да придонесат до подолг век на траење на вашите батерии
- Мало пакување, се произведува во DIL6, 2x3DFN и SOT-23
- Специјални функции од типот : Детекција на ниско напонско ниво (LVD), најчесто би се користело доколку имаме напојување од батерија како систем за предвремено известување за состојбата на батеријата од која би се напојувал склопот. Можност за работа до многу мали напонски ниво и тоа до 0,32V

Можност за примена :
- Различни тестери од типот на тестер за наркотици, тестер за бременост, пиротехника, дијализа и слично.
- Интелигентни прекинувачи, контроли на LED панели
- Функции на логички кола, кола за паузи, енкодери/ декодери, едноставно следенење на сигнали

Слика од архитектурата на PIC-от


Слика од конфигурабилната логичка архитектур на микроконтролерот


п.с. Поголем дел од материјалот е превземен и преведен од страната на микрочип (microchip.com)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Овие пикови имаат само 3 слободни пина ? Бидејки 3 се за напојување и програмирање.
Конкретно 10F320 има процесор од 5 мипса кои се еднакви на околу 12MHz такт... што е поспоро од 12F микроконтролерите кои имаат 20MHz процесор.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
P10F322 има 4 MIPS-а, може да работи на 16MHz внатрешен осцилатор, има 3 8 битни ADC канали

има многу повеќе можности од кој и да било микроконтролер од 12F серијата :)
има 4 слободни пина, 2 се напојување плус минус, а пошто програмирањето се врши само еднаш, а не цело време додека работи, 4-те пина може да се конфигурираат подоцна и како влезно излезни проти :)
плус има можност за бутлоадер со што многу ги надминува 12F сериите иако е многу помал од нив
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
P10F322 има 4 MIPS-а, може да работи на 16MHz внатрешен осцилатор, има 3 8 битни ADC канали
Епа 4 мипса ти е некаде околу 10MHz (ако знае некој колку е точно нека пише) а тоа 16MHz е само внатрешниот кристал (не е процесорот)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
да де тоа е внатрешен процесор на кој што работи микропроцесорот, а тоа MIPS-а е единица за обработка на податоците, нема многу голема врска со тоа од колку е осцилаторот на микроконтролерот
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!