Кај инвертирачки засилувач:
C1 и C2: DC одвојување од влезен и излезен степен.
R3: Се користи за симетрирање на влезовите на операцискиот засилувач за еднонасочен напон (за да не се јави еднонасочен напон на неговиот излез). Најчесто R3 = R1 || Rf.
R1 и Rf: Го дефинираат напонското засилување на операцискиот засилувач, Uout = - (Rf / R1) * Uin.
Cf: Се става за дефинирање на горна гранична фреквенција на засилувачот.
Rp: Отпорност на потрошувачот. Заедно со C2 формира филтер пропусник на високи фреквенции.
Кај неинвертирачки засилувач:
C1 и C2: DC одвојување од влезен и излезен степен.
R1: Дефинира влезна отпорност на засилувачот и истовремено заедно со C1 е филтер пропусник на високи фреквенции.
Cf: Се става за дефинирање на горна гранична фреквенција на засилувачот.
R3 и Rf: Го дефинираат напонското засилување на операцискиот засилувач, Uout = ((R3 + Rf) / R3) * Uin.
C3: Се става за да засилувачот засилува само наизменични напони.
Rp: Отпорност на потрошувачот. Заедно со C2 формира филтер пропусник на високи фреквенции.