Author Topic: Soundcard Scope 1.40  (Read 1523 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Soundcard Scope 1.40
« Opened on 10.03.2012, Saturday, 19:37:42 »
Еве уште едно интересно програмче ;). Како и многу други бесплатни програми што „имитираат“ осциоскоп, и ова програмче како A/D конвертор ја користи звучната картица на компјутерот. За разлика од некои други софтверчиња, ова програмче има многу повеќе опции од обичен аналоген осцилоскоп ;). Има X-Y приказ и спектрален анализатор ;).


download link:

Code: [Select]
http://www37.zippyshare.com/v/85440967/file.html
permanent mirror:

Code: [Select]
http://www.box.com/s/2kk5k8o1ch9ehvftetke
http://www.box.com/s/fxg8v2ihhqe7l9kit36v
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Pance24

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 101
Одг: Soundcard Scope 1.40
« Reply #1 on 10.03.2012, Saturday, 20:04:21 »
А што треба на излез на звучната карта да има? Некој сензор или? Почетник сум и не знам мн за овие осцилоскопите .

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Soundcard Scope 1.40
« Reply #2 on 10.03.2012, Saturday, 20:12:51 »
А што треба на излез на звучната карта да има? Некој сензор или? Почетник сум и не знам мн за овие осцилоскопите .

Само треба да имаш Aux In на звучната карта (сите модерни on-board и на PCI/PCIx слотови имаат), толку ;). Потоа врзуваш некој извор на сигнал и мериш ;). Се разбира, не е препорачливо да се мери директно од некое коло (иако е можно тоа) бидејќи можно е да се случи несакајќи да дојде висок напон до влезот на звучната крата, па да ја изгориш картицата :S. Се препорачува да има засилувач/атенуатор на влез-от од аудио картицата кој (колку толку) ќе го одвојува влезот од аудио картицата од колото кое се мери (можеби не галвански, но било какво одвојување би било ОК ;)).

Како за почеток, може да пробаш да мериш со оние 1:1 трансформаторчиња што го има во dial-up модеми ;). Тие се корисни за вакви работи ;). Преку него, сигналот галвански се одвојува од колото кое се мери ;). Најверојатно ќе внесе изобличувања тансформаторот, но колку за почеток, е сосема доволен ;). Колку да добиеш идеја како се работи со осцилоскопи или вакви програмчиња ;).

НАПОМЕНА: Во никој случај не треба да се носат високонапонски сигнали до влезот на аудио картицата. Влезот можно е некако да се справи со сигнали со аплитуда до 3V, но не и повисоки од тоа. Затоа реков дека треба да се користи некаков вид на екстерен засилувач/атенуатор.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."