Значи според ова што ми го кажа ако истата маса што е на целиот склоп ја ставам и на предзасилувачот нема да имам проблеми така? (Се разбира во случај да ми одговараат другите напони)
Да, во принцип да
. А другите напони (со кои треба да се напојува предзасилувачот), мери ги во однос на глобалната маса
.
Инаку имам еден влез на системот за микрофон, и таму ми работи и гитарата, ама јас сакам истовремено и гитара и микрофон , и по можност синтисајзер, ама за него не е проблем, си оди на линиски влез тој. А за грамофон нема влез, од поновите типови е.
Епа во тој случај, може да направиш малечко миксрече, без некои посебни функции, за волку мали напонски нивоа, дури може да биде и сосема пасивно
, само со потенциометри
, нема да има потреба од напојувачка секција
. Нема да има опции за тонска контрола на него (иако има и такви изведби на пасивни миксерчиња, ама нема засилување на ниски, високи, итн., туку само има ослабување, а и најчесто не се постигнува некој солиден квалитет на звук со користење само на пасивни компоненти за тонска контрола, така да, не ти препорачувам да има тонска контрола миксрчето), но ќе ти врши работа
, ќе ги миксаш гитаратат и вокалот, но може да додадеш и трет влез
. Повеќе од три влеза не би ти препорачал да има миксерот, особено ако еизведен пасивно
.
Или, уште поедноставно, може да додадеш уште еден конектор, врзи го паралелно на влезот за микрофон, и тоа е тоа
. Е сега, можно е да влијаат еден на друг микрофонот и гитарата, ама тоа треба да се проба, зависи од многу работи, меѓу кои и влезната импеданса на засилувачот, влезните компоненти во предзасилувачкиот степен, дизајнот на предзасилувачот, искористените кабли, итн.
.