Значи вака, сепак колото работи со симетричен напон, значи пинот 11 од LM324 мора да е на -12V напојување а не на маса (сечете го тој дел од плочката и залемете жица за да пуштите -12V)! За проба можете да ставите две батерии од 9V и да имате +9V и -9V за тестирање (средината каде се поврзани двете батерии да е на маса). Ако вака работи тогаш ќе мора да направите и генераторче на негативен напон (-12V) доколку сакате ова да го користите во автомобил а за дома лесно ќе ставите додатен исправувач за -12V или симетричен трансформатор. Ова не значи дека неможе да се промени шемата да работи и на единечен напон но ќе треба доста измени на шемата и плочката така да за да ги искористите веќе изработените уреди направете како што ви велам и кажете резултати!