Невообичаена шема,одамна симната од Електор,ја имаше досега во разни списанија,Форуми,а тука некако ни се провлече
Идејата е необична :електронски склоп кој содржи неколку степени ,микрофонско предпојачало за електретски микрофон,кој е поставен во близина на бас звучникот .Преку него ,неговиот предпојачувач сигналот се враќа во предпојачувачот и прави басот да добие полн волумен,да се *испегла* и најкратко речено - од просечен звучник да извадиме бас опсег за почит. Тука е и филтерот со кој не треба многу да се експериментира,а сето тоа се носи на излезен појачувач на кој е поврзан звучникот.Се на се две интегралчиња и неколку пасивни елементи,електрет микрофон - па пробајте и ке се изненадите како добар бас ке произведе некој сосема просечен бас звучник.Сепак препорака- внимателно со подесувањата,работете полека,чекор по чекор.