Се сложувам со тебе, поисплатливо е да најдам шасија, но како би можел да знам дека се компактибилни, според процесорот? Има ли некоја референтна листа или нешто слично?
Ќе ја видиш шасијата, физички, на „абе ќе фати“ муабет не верувај, ако е иста со твојата, значи дека најверојатно ќе фати
. Можно е малку да се разликува менито или нешто друго, ама најверојатно ќе работи
. Значи само тоа ќе пазиш, да биде иста како твоата. Бидејќи имам видено преку 5 или 6 различни верзии на истава шасија и не се фаќаат „секоја на секоја“, затоа
.
ќе бараш од ист таков телевизор
Е, баш така
.
него тој интегралецот го има за 20-30$ на нет, ама дали ќе одговара е прашање
Нема да се фати, 100% сум сигурен во ова. Не дека „нема да се фати“, туку тој процесор ќе биде празен, а овие процесори се полни со софтверот за контрола на телевизорот. Тие софтвери се сите многу слични едни на други, но сепак се разликуваат и не се фаќаат еден на друг. Во најдобар случај, ќе се фати, но ќе имаш проблеми со некои работи, растер, калибрациони бити, вредности на регистрите за конфигурирање на тјунерот, итн. Затоа и реков дека нема да одговара било кој процесор од било кој телевизор, дури и да ги има истите ознаки. Софтверот во него нема да е ист, така да, нема да функционира како што треба или воопшто нема да функционира. А ако купиш нов, тој ќе биде празен, непрограмиран, а начин да го извадиш софтерот од стариот нема, дури и да беше исправен (има начини за определени типови на процесори за ТВ приемници, но се премногу комплицирани и најчесто не се исплатат, треба да му наплатиш на муштеријата X2 од цената на телевизорот на ново, така да, нема поента).
Најдобра опција е тоа што ти го кажа Devil, најди иста шасија од ист таков модел и пробај да ја купиш, ако знаеш дека шасијата има некој друг проблем, пробај среди го проблемот. Не би преопрачал одлемување на процесорот од „новата“ на „старата“ шасија бидејќи ми се има случено да изгорам процесор при одлемување со обичен леткум. Ако имаш SMD лемна станица, можеш да пробаш со неа
. Ако немаш и ако мораш да го одлемуваш, задолжително користи алка за заштита од статички електрицитет
.