Хммммм... добро е за испитување на некои транзистори, но не на сите. На пример, SMD транзистори со ова... малку потешко, особено ако работат на ниски напони. Vce напонот не е проблематичен (би требало да се движи меѓу 2 и 3V, во зависност од искористените LED диоди), но напонот што ќе се носи на базата, можно е да биде малку проблематичен, според моите пресметки, околу 5V е тој напон :S. Ова е малку голема вредност за некои типови на кола :S. ОК е за постари уреди, изградени само од транзистори (или 90% од транзистори), но не и за модерниве кола кои често работат и на многу ниски напони :S.
Може да се преправи колото и да не дава толкав напон на базата, но тогаш пак можно е да не реагираат баш сите транзистори на колово :S.