Извор:
http://radiokot.ru/circuit/analog/measure/07/
Шемата е во прилог, ознаките на шемата се следните: SB1 е ресет тастер (NC), нормално затворен, со притискање се прекинува колото, SB2 е тастер старт (+), SB3 е тастер старт (-), SA2 е прекинувач за одбирање поларитет на напон - директно или обратно, SA3 е преклопник за одбирање струја на гејтот. Сијаличката е обична мала автомобилска 12V/3W, трафото е 2х9V, диодите се 1N4001.
За испитување тиристори постапката е следна - се приклучува тиристорот, SA2 се поставува на директно, сијаличката не треба да свети, со притискање на SB2 треба да се запали и да остане запалена, со притискање на SB1 треба да се изгаси. Повторно палење треба да е можно само со притискање на SB2.
За испитување триаци - се приклучува триакот, сијаличката не свети, се става во положба директно, сијаличката треба да се запали со притискање на SB2 и да се изгаси со притискање на SB1, повторно да се запали со притискање SB3 и да се изгаси со притискање на SB1. Се префрла SA2 во положба обратно и се повторува истото.
Јас го направив и си ги испитав сите триаци и тиристори што ги имам и најдов еден неисправен
.
Со менување на струјата не гејтот може да се утврди која е најмалата струја при која вклучува.