читајќи вака премногу се потенцира како членот ќе го напише правилно литературно на македонски со кирилично писмо насловот и да се потенцираат интерпункциските знаци да се на правилно место отколку модераторот тоа да го среди на негов начин како што мисли и дискусијата да продолжи.
Тоа го правиме премногу често, затоа и потенцираме на членовите да ги почитуваат правилата и да се изразуваат правилно и литературно Македонски (се разбира, каде може, не инсистираме ако очигледно е дека не е возможно во определената ситуација да се изразат членовите литературно, на пример, име на некој дел кој народски има преземено збор од Англискиот или Германскиот јазик, а официјално зборот не постои во Македонскиот јазик, но во интерес на „побрзо разбирање“ меѓу членовите, се разбира дека нема ништо да спомнеме
).
имајте во ум дека сите немале 5 ка по македонски.
Да, но сите сме учеле Македонски во школо и е наш мајчин јазик, па мислам дека е во ред да знаеме барем на кои места треба да стојат интерпункциски знаци. Има членови кои воопшто не ставаат интерпункциски знаци (пред се мислам на точка и запирка) и најчесто не можеме да се разбере со нив. Како на друг начин ќе се разбереш на форум кој користи пишано писмо како начин на комункација ако на правилно место не се поставуваат интерпункциските знаци? Еве, на пример и во твојов post немаш никаде напишано голема буква, па никој не спомна дека неправилно ти е напишан post-от. На правилно место имаш искористено интерпункциски знаци, се е читко и разбирливо. Зошто да опоменувам некој кој иако не ги користи сите правила од граматиката (поточно синтаксата) сум го разбрал што сака да каже.
А опомените ги правиме со цел да им дадеме до знаење на членовите дека ова не е FB и дека не може тука се да се објасни со три точки или десет прашалници. Некогаш гледаме и такви post-ови, затоа. Некои членови знаат по некое време да се „опуштат“ и почнат и така да се изразуваат во нивните post-ови, или само да пишат „ми треба шема за појачало“ или „телевизорот не ми работи“ без додавање на никакви детали, во насловот на темата нема наведено што точно бара (или нуди) во темата, нема наведено никакви детали... па како да му помогнам
. Затоа ги опоменуваме (пред се новите членови), за да се навикнат дека треба да ддадат опис на тоа што го бараат, а не само да бараат. Ова не е пазар па „тука да има се“. Треба насловот на темата да има детален опис за да можат останатите членови на форумот веднаш да може да увидат за што станува збор во темата.
Како што реков, ретко сме опоменувале (иако сме корегирале) ако нешто не е напишано на латиница како што треба (на пример „Панасоник“ наместо „Panasonic“) или доколку не се користат големи букви на правлно место (на пример „самсунг“ наместо „Samsung“). Опоменуваме само ако навистина не се разбира што е напишано во post-от или премногу е краток описот (не поради друго, не можеме да му помогнеме на членот ако е премногу краток описот).
и забелешките од модераторите може да му ги пратите на пп на членот ,така би останала темата по чиста за читање.
Така правевме еден период (таква беше „политиката“ тогаш) и видовме дека нема ефект (или има многу мал). Членот или не враќа назад на пораката и ја игнорира или враќа назад „аха, ОК, да, ќе пазам во иднина“ и пак си тера по старо :S (чест на исклучоци, ги имало, не дека ги немало, но најчеста појава е пртеходно споменатата). А ако јавно се опомене членот (барем за овие работи), друг психолошки момент е во игра, па ни се покажало дека поголем процент од членовите почнуваат да ги почитуваат правилата. Плус, јавната опомена има и додатен ефект, идните членови ќе прочитаат дека некој друг член бил опоменат за „тоа и тоа“ и (се надевам барем) ќе сватат дека не треба да го прават тоа
. Со тоа на нас ни се скратува работата, а верувај, никој од нас не е платен за ова што го прави (баш напротив, во зијан сме), а го правиме чисто од љубов кон науката, така да, се разбира, гледаме да бидеме колку што можеме (и знаеме) поефективни.
Не дека ние сакаме да „глумиме дежурни џандари“, баш напротив, иако изгледа дека се почесто и почесто опоменуваме, реалноста е дека се повеќе и повеќе членови има форумот, па така изгледа, а и голем дел од нив не знаат дека секој форум си има правила, така да, мора на некој начин да им ставиме до знаење дека треба да пазат што пишуваат, како се изразуваат, дали се разбирливи или не и дека ова не е FB.