Значи и да ја научам книгава пак нема да можам да програмирам доколку немам друго познавање за логичките кола, или во оваа книга се објаснети и логичките порти?
Како што реков, тоа е стара книга, наша е ама стара, плус, тоа е само мал дел од тоа што треба да го знаеш за да може да напраедуваш понатаму.
И ако сиве овие книги ги научам ке може да си правам свои програмчиња, односно HEXови
Не, овеи книги се само вовед за да можеш сам да почнеш да учиш како да го правиш тоа. Плус, ќе треба и некој програмски јазик да научиш (препорачливо е да биде C).
Како што кажа сколс му предложив Basic зошто за ако му кажев да учи аsembler ке се одкажеше одма и немаше да почне да учи вака ако почнете со нешто поедностно и направите некој програм кој ке функционира ке почнете да учите нема да се откажете.
Најдобро е да научите C и може некогаш да ви затреба малце asembler
Токму така, ако не планирате подлабоко од PIC-ови да навлегувате во микроконтролерите, може да учите и Basic и Pascal, било кој е добар, иако од овие два јас го преферирам Pascal (не ради друго, не сакам Microsoft продукти
). Но, ако планирате подлабоко да навлегувате (да работите со други типови на микроконтролери), дефинитивно фатете C. Повеќето развојни околини за другите микроконтроелри го користат само C, затоа. Ретко се наоѓа некоја развојна околина (од други микроконтролери, не на Microchip) која нуди да пишувате програми на јазици како Basic и Pascal (освен Microchip). Најчесто пишувате или во C, или во асемблерскиот јазик на „тој и тој“ микроконтролер.
Без основа на дигитална електроника не почнувајте со програмитање на микроконтролери
Јас би додал и микроелектроника (изработка на интегрирани кола). Често ми се случувало да ми притреба и тоа
. Некои работи се појасни ако се знаат постапките на изработка на интегрирани кола
.