Во мноштвото шеми на регулатори на напојување секогаш има место за некоја нова.Поручеква за проба направив провизорно една шема од руски сајт со 78L05 и TDA2030 со малку пропратни делови .Се покажа добра,ама на поголема струја ( јас тестирав до 2А) ТДА грее и мора на добар ладилник.Не е на одмет да ставите и * нормално* 7805 ТО-220 на ладилник без лискуни и изолации бидејки двете ИК со ладилниците се на масата,па нема потреба од додатни елементи.За ладилник ке искористам еден мал 5х5 см со кулерче ,од Р 3 процесор.Значи се донесува максимум 36В 3,5А на влез и со потенциометрот од 10К имате добра регулација од 0V па нагоре.Зенер диодата е 15V,а сите електролити 63V.Отпорниците јас ги ставив од 0,5W .Еве ја шемата:бр .1 влез + напон ,бр. 2 - излез 0-30V