Утринава две братчиња (9 и 12 години) ме замолија да го погледам и поврзам засилувачот кој го направиле за својот РС.
Засилувачот беше со TDA1517 и исправувач на 12 v кој љубезно им го отстапил татко им од стар полнач за акумулатори,Ставив еден електролит од 3300мФ 50V и го поврзав стерео-потенциометрот директно со кабелот и 3,5 мм џек.На ИК ставивме мал ладилник од АТХ напојувања,а најинтересен беше крајот : два звучника по 5W /4 omi од кола 9 см дијаметар се поставени во две пластични кутии од 1 кг пакување на сладолед,кој со по два штрафа беа прицврстени за дрвени постоља.Ставивме и нешто материјал за дампирање и добивме две солидни звучни кутии.
Инвентивноста на децата е извонредна,едвај чекам да видам во каква кутија ке го стават засилувачот,а верувам дека и некоја слика ке направат за на Форумов,да не рече некој дека само копираме .Засега, им ветив дека за ова ке напишам некој збор на Форумов и ке ја ставам шемата.