Еве една програма од мене.
Се мислев каде да ја ставам, во програми за цртање шеми или за цртање плочки, оти со оваа програма можат да се прават и двете работи, па ја ставив тука.
Fritzing е лесна за користење, верувам дека и почетниците лесно ќе се снајдат.
Има сопствена база на елементи, плус можете да симнувате од сајтот, а исто така има можност за додавање на ваша база на компоненти.
Пред да ја финализирате плочката, имате можност да ги разместите елементите како што ви одговара, а потоа со AutoRoute командата ќе се исцртаат водовите и ќе можете да ја експортирате целата шема за ппк во *.pdf фајл.
Еве еден скриншот од Fritzing:
Програмата е free, и можете да ја симнете од тука:
http://fritzing.org/download/