Еве две шеми кои се веке правени и добри се за почетници
Споено мислење: 19.09.2012, Wednesday, 00:10:09
Да не отворам друга тема ке се надоврзам со уште една шема која има врска со ИЦ прекинувач.Имено направивме по ова шема инфрацрвена бариера со две предавателни и една приемна диода.Бариерата работи на далечина од 30 см со две диоди усмерени од различни правци кон приемната диода.Ова усмерување го направивме со собирни леки,но имаме засега мал домет,но доволен за намената: кога вратата е во одредена положба ,двете предавателни диоди се усмерени кон приемната,ако се раздеси патот на зраците се активира релејот и се пали светилка.Значи едноставен,ама ефектен спој.Намената ви ја препуштам вам.