Ја најдов оваа шема на еден странски форум, каде што еден дечко се жалеше на повремен шум во едниот канал од засилувачот, за кој што утврдил дека потекнува од кондензатор кој "протекува".
Со помош на оваа шема може да се утврди дали некој кондензатор "протекува" и колку. Се мери напонот на краевите на отпорникот од 1к, волтметарот треба да покаже 0V, ако покаже некој напон значи кондензаторот протекува, на пр. ако покаже 10mV значи струјата на протекување е 10uA.