Најверојатно се изгорени контактите во бендексот (котвата, како што ја викаш ти
), таму освен што има електромагнет што го исфрла запчаничето, има и контакти кои го вклучуваат анласерот. Отварањето на овие контакти е ептен зезната работа, кај застава сум заборавил конкретно како беше, но кај повеќето модели крајот од металното куќиште на бендексот е подвиткан, треба да го исправиш со чукање (внимателно!) за да дојдеш до контактите, после тоа, ако не се многу нагорени, чистење со многу ситна шмиргла и пак склопување. Иначе, и кога сум правел вака, најчесто дефектот се повторувал после некое време, така што најдобро е, ако го најдеш само него, да си купиш половен бендекс, за застава не се нешто претерано скапи како за други коли.