Сигурно ве мрзи да мотате калеми а поготово е проблем ако немате феритно јадро или променлив кондензатор. Има решение, и тоа тип на радио кој долго време не беше актуелен заради актуленоста на суперхетеродинските приемници (со 2 осцилаторни кола, мешачи и други работи). Се работи за радио од типот „синхродин“ (synchrodyne) кој воопшто нема калеми. Начинот на функционирање е тој што всушност радиото е осцилатор кој е наместен за малку да не осцилира. Кога фрекфенцијата на посакуваните осцилации е наместена на фрекфенцијата на некоја радио станица тогаш напонот (микроволти) што доаѓа на антената е доволен да го побуди да проосцилира радиото и тоа во ритамот на музиката што значи дека радиото само станува „предавател“ кој сам себе се „фаќа“, демодулира и се слуша аудиото. Интересен концепт.
Стерео потенциометарот се користи на барање на станици, влезниот потенциометар (на антената) се користи за регулација за случајно станицата да е премногу јака па да ја фаќа само неа и никоја друга, десниот потенциометар е за гласност, диодите најдобро да се германиумски AA113 но ако немате и 1N4148 ќе работи иако со малку помала гласност на аудио излезот. TUN e на пример BC547.