Author Topic: Слабеење на сигналот на 2.4GHz  (Read 1152 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Слабеење на сигналот на 2.4GHz
« Opened on 10.10.2009, Saturday, 03:17:03 »
Има верување дека водената пареа во воздухот има голем проблем на комуникацијата на 2.4GHz. На 2.4GHz резонира молекулот на водата, на 24GHz резонира пареата а на 30GHz резонира молекулот на кислородот. Можеби затоа тие фрекфенции се дадени за слободно користење, тоа америчката војска си го истестирала и видела дека тие фрекфенции ќе им прават поголеми проблеми за време на дожд и снег. Да видиме дали е така. Значи, сега односот на апсорбирање. Односот не е голем и еве математички може да се пресмета ако се знае колку силно врне дожд или снег или има магла:

Слабеењето [db/Km] = a * R^b

Каде a = 0.000138 за 2.4GHz; 0.00155 за 5.8GHz; 0.00887 за 11GHz; 0.167 за 28GHz

b= од 1.3 на 2.4GHz, 1.26 на 5.8GHz, 1.2 на 11GHz до 1 на 28GHz

R= врнежи на дожд или снег во mm/час (на пример од 20 до 100).

Со ова се гледа дека всушност улогата на резонантноста на водата е мала и повеќе слабеењето низ воздухот зависи од самата фрекфенцијата отколку од врнежите или маглата.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.