Сепак ,ефектни се ,моќни и неспоредливо ефикасни во однос на истата јачина со класични кутии.
Да да, мислам дека ова им е една од најголемите предности, баш прашав колкава јачина на звук имаат искористено на некои места каде имам видено Line Array звучници, искрено, не ми се веруваше дека толку моќно може да звучат 2 или 3KW... едноставно не ми се веруваше.
Ха,ха Гига факт е дека јас и ти сме малку*старомодни*.Еве сега ке се јави некој кој ке биде на страна на линеарноста ,ама навистина малку вештачки звук ми дава.Нема природност на вокалот ,како робот да зборува,дури и ги изедначува некако гласовите ,како сите говорници исто да звучат! Ми беше чудно и пробав еднаш со еквилајзери во минус ,па навистина сите машки гласови(говор) беа слични,а сите женски исто се *пресликуваа* некако! На еден Форум нешто спомнав за тоа со две пропратни слики од спектар анализаторот и зачудо се јавија уште осуммина кои велат дека истото го приметиле!
И тоа го имам забележано, некако сите звуци се „во исто рамниште“. Мада, морам да признаам дека тоа донекаде барем е пследица и на опремата што се користи, ако настапува бенд во живо, може да звучи малку поприродно одколку DJ сет на пример, и тоа особено со нови снимки (мастеринзи) на CD-иња и плочи. Премногу се извештачени самите снимки, па вештачки звучат и на озвучувањето :S. Сум чул дека со постари снимки (најдоцна од 90-тите), озвучувањето до типот на Line Array добива „душа“, ама тоа е последица на мастерингот.
Како и да е, мислам дека може да се наштелува со правилен распоред на звучниците и правилно „обојување“ на звукот да се стават „во преден план“ определени инструменти/вокали, а други да одат во заднина.
Ова за „еднаквоста на сите инструменти/вокали“ мислам дека е последица и на начинот на кој се поставуваат звучниците, сите се насочени кон слушателот подеденакво, полукружно, па со иста „јачина“ ги примаме сигналите, така да, мислам дека донекаде и самато поставување е причинител за оваа појава, но во принцип, не можеме многу да бираме, или ова или „сандаци“ треба да ставаме
.
Можеби може да се искорегира ова со филтрирање на секој канал (инструмент/вокал) посебно и нивно „нивелирање“ во „просторот“ (подесување, кој ќе биде во преден план, кој во заден, итн.), но во денешно време, искрено, ретко кој се „замара“ со тоа, само ќе лупнат еден скап компресор со некаков си „бог знае каков 256 битен микропроцесор“ (карикирам
) во него на вкупниот излез (главниот од миксетата), и се е на исто рамниште, линеарноста на Line Array-от уште повеќе ќе ја истакне оваа „нуспојава“ (како за кого, за мене е нуспојава), и на крајот имаме звучна слика во која вокалот, kick-от, бас гитарата и гитарата се во исто рамниште и звучи неприродно :S. Ова мислам дека го прават заради две причини, првата ја кажав, а втората е страв од горење на излезните засилувачи и звучниците, бидејќи, да бидеме реални, во некој момент можно е тапанарот да удри толку јако на „папучата“ за kick-от, што едноставно излезната моќност на звукот може и да се дуплира, што може да доведе до горење на засилувачите или звучниците, што беше честа појава до пред околу 7 или 8 години. Сега, со компресориве, се е на исто ниво и нема таков проблем повеќе, но звукот е се поизвештачен :S. Менуваме една маана за друга, но не постои совршенство, се е компромис во краен случај
.