Author Topic: Проблем со тастатура  (Read 1531 times)

Offline Eptesicus

  • Баниран
  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
Проблем со тастатура
« Opened on 06.06.2011, Monday, 16:46:22 »
Вчера истурив чај на тастатурата [од хибискус, со малку шеќер :)]. вчера ctrl беше заглавено, денес не работи [ни F1, F2, 5, 6...]. пробав да ја исчистам и пак е исто. кај ctrl е малку потемнета, кај другите што не работат нема ништо. некоја идеја?




Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со тастатура
« Reply #1 on 06.06.2011, Monday, 17:33:44 (Edited 06.06.2011, Monday, 17:36:44) »
Прво, тастатурата ќе ја ставиш во легенче во кое има мешавина на сјај и вода (мислам на пластиката, гумените подлоги, електрониката и контактната фолија не треба да се ставаат во тој раствор ;D). Ќе почекаш околу 5, 6 часа сите нечистотии (шеќер, кафе, прашина, што и да е ;D) да се растворат во растворот. Потоа, ќе ги извадиш пластиките од растворот (типките со предната плоча и задната плоча) и убаво ќе ги поминеш со вода. Ќе ги оставиш на сонце еден ден да се исушат убаво. Не ги суши со фен, може да не бидат исушени убаво, само проблем ќе си направиш со понатамошниот процес.

Е сега доаѓа на ред тешкиот дел. Во еден шприц со игла (иглата не треба да биде предебела, но не треба ни да биде многу тенка, од прилика, големина со која ти земаат крв од вена, не знам точно која големина е тоа, но ако побараш во аптека, ќе ти дадат, во некои аптеки може и бесплатно да ти дадат игла, особено ако изгледаш „сомнително“ како мене ;D) ќе вшмукаш неколку ml моторно масло, под услов да не било користено ;). Доволно би било околу 10ml, иако мислам дека и тоа е премногу. Потоа, ќе ја превртиш пластиката со типките и од обратната страна (од страната каде што стои контактната фолија) на секоја од типките ќе вбризгуваш по малку од моторното масло, многу малку, помалку од една капка. По секое вбризгување, ќе ја „разработуваш“ типката (ќе ја мрдаш горе долу со прстот за да може убаво да се распредели моторното масло низа целата контактна површина на типката и пластиката која ја држи истата). Ова е долг и мачен процес, но ако си приврзан за определена тастатура (како мене ;D), ќе мораш да го правиш ова ;D. За да не изгубиш „ред“ кои типки си ги поминал со масло а кои не, ќе вбризгуваш масло по редови или колони, од лево на десно или од долу нагоре (или обратно, како сакаш). Кога ќе ги поминеш сите типки, уште еднаш разработи ги сите, со рака, сите наеднаш стискај ги и вид дали некоја заглавува ;). Ако заглавува, додај и уште малку масло, само не претерувај, тастаура не е мотор со внатрешно согорување ;D.

Ја оставаш тастатурата така да седи некое време (во легната позизија, во позицијата во која го поставуваше моторното масло), едно 2 или 3 часа доволно би биле, за да може уште поубаво да се распредели маслото околу типките. Потоа, ги враќаш назад деловите по редоследот по кој си ги извадил (контактна фолија, електроника, кабли, лежишта, заден панел, штрафчиња), ја приклучуваш на PC и се молиш да работи ;D.

Колку што успеав да видам, мислам дека CTRL контактот е уништен, но другите (F1, F2, итн.), не се, така да, барем останатите би требало да работат ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Проблем со тастатура
« Reply #2 on 06.06.2011, Monday, 17:47:47 »
Јас само би додал маслото да биде поретко, како што се користи за машина за шиење.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Eptesicus

  • Баниран
  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
Одг: Проблем со тастатура
« Reply #3 on 06.06.2011, Monday, 18:09:33 »
фала GigaWatt [и LordZi :)], ќе пробам вечерва со маслото.
ctrl нема шанси да го вратам некако? :(

Offline mart11n

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 90
  • Gender: Male
  • What's up?
Одг: Проблем со тастатура
« Reply #4 on 06.06.2011, Monday, 18:28:29 »
ако користиш тестатура од 200-300 денари ој купи си нова не се зафркавај со ова, а ако ти е од тие „гејмерски“ поскапите тогаш пробвај прај експерименти  ;)

Offline cika

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 288
  • Gender: Male
  • Математика : Ако оди лесно... грешно е ...
Одг: Проблем со тастатура
« Reply #5 on 06.06.2011, Monday, 18:56:31 (Edited 06.06.2011, Monday, 21:57:05) »
абе тоа ти се ДВЕ или ТРИ фолии ... споени...види одвој ги...да не има меѓу нив чај ... за да има краток спој да ти зафркава нешто   ;)
Let's make things better.

Offline Eptesicus

  • Баниран
  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
Одг: Проблем со тастатура
« Reply #6 on 06.06.2011, Monday, 19:04:43 »
кај мене 3 фолии се  ;D имаше чај меѓу нив ама мислам дека го исчистив :) [втората слика е едната фолија од внатре, од надвор не е така потемнета]
уште маслото остана да го пробам, од ctrl се откажав

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Одг: Проблем со тастатура
« Reply #7 on 06.06.2011, Monday, 20:08:19 »
пробај со алкохол од аптека,јас така си го поправив тастерот.Ја исчистив целата површина од прашина и прљавштини и сега работи одлично.

stefanjanevski

  • Guest
Одг: Проблем со тастатура
« Reply #8 on 23.06.2011, Thursday, 15:43:23 »
Абе не се заебавјте оди под кале ке најдеш некоја за ефтини пари. Плус и во продавница веќе се ефтини.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со тастатура
« Reply #9 on 23.06.2011, Thursday, 18:54:07 »
Абе не се заебавјте оди под кале ке најдеш некоја за ефтини пари. Плус и во продавница веќе се ефтини.

Да, ама квалитетот не е ист како старите, плус, јас навикнат сум на распоредот на типките на мојата тастатура, големината, итн. и не би ја менувал за ништо, затоа и ја чистам еднаш во 2 или 3 години ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

stefanjanevski

  • Guest
Одг: Проблем со тастатура
« Reply #10 on 24.06.2011, Friday, 00:09:05 »
Ке се навикнеш и на новата. Во првите неколку дена ќе ти биде тешко, ама се навикнува. Јас менувам тастаури на секој три месеци. Ќе сакам да ја исчистам и повеќе не проработува. А ме мрзи да ја правам :)