Mислиш на истово напојување,само да се стави друг операциски засилувач и ќе оди до 35V?Ај ако не,ќе можеш ли да нацрташ шема,само со тој OPA455 операцискиот?
Eдит:А што викаш за овој операциски? http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/86211/TI/OPA452.html
Оди до 80V
Еве уште еден кој оди до 100V
http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/219068/TI/OPA454.html
Шемата е потполно иста за OPA455 со тоа што можеби C6 не треба да се става, ама не верувам дека ќе има некоја штета ако се остави, пин 7 се поврзува на влезот, на 35 волти, додека таа шемата за добивање на негативниот напон што јас ја постирав си останува и негативниот напон се поврзува на пин 4.
Ова со OPA455 го немам пробано, и не сум 100 % сигурен дека ќе работи, но би требало.
Имам пробано со NE5534 кој е до +/- 22 волти и работеше одлично, напонот до 22 волти макс може да се подеси, со тоа што позитивниот напон за интегралецот се добива преку 7818 регулатор неколку диоди како на шемата
За другиве интегралци треба некој поголеми измени, баш се сега еве гледав во даташит, ама пак не може од 35 волти на влез, на излез да добиеш 35 регулирани волти, без разлика кој интегралец ќе ставиш.
EDIT:
Malecko, во шемата што ти си ја постирал, R11 потенциометрот е 250к, кај мене е 5к, имаш грешка.