Гледајте ваму - во просек персоналецот има повеке проблеми од работата на кулерите одколку појачувачот.Но,бидејки се работи за аматерска конструкција ,сметњите што би ги внел во системот на напојување овој мотор(
!!!!) се незначителни.Прво ,ако ставиш безшумен (Кулермастер тип!) со уво нема да го слушнеш моторот,ами само струењето на воздухот! Второ.без соодветна напонска заштита на 220 В мрежата,нема комплетна заштита и изолација од транзиенти кои би навлегле во појачувачот од мрежата.Она што стално го повторувам е дека исправувачот е НАЈСКАПИОТ дел на добриот појачувач!Феритно трафо,добро димензиониран грец со паралелни блокови ,па солидни и (пре) димензионирани квалитетни електролити.... и на крај го ставаш во дозна чија фаза се поклопува со машината за перење на комшијата.!:!:!: И катастрофа!! Сепак овде се работи за аматерски конструкции и велам - не постои шема која гарантира дека параметрите кои се таму запишани ке можат да се добијат во пракса! Еден елемент нека е *чурук* и се отиде по вода.Затоа ,мислам дека посоодветно е да ставиш едно вентилаторче кое ке лади и ке бидеш сигурен дека нема да прегрее нешто,одколку да ставиш ладилник од 3 кг алуминиум и после да се чудиш зошто е тој (сепак) толку загреан!