застапеноста на овие микроконтролери според мене е премногу мала во Македонија, поради тоа што тешко се наоѓаат кај нас, јас кога започнав да се интересирам за микроконтролери единствено ги знаев PIC, луѓето околу мене кој се занимаваа со електроника, а особено со микроконтролери зборуваа само за ним, не спомнуваа други имињ на микроконтролери, поради таа причина кога започнав се повеќе да учам за микроконтролери јас почнав со PIC, не успеав да многу добро да ги запознаам и другите производители, со оглед на тоа јас сега учам програмски јазици за овие микроконтролери кој за моите потребии се повеќе од доволни, со AVR се запознав подоцна, откако почнав да учам за останатите, сакав да направам некој проекти со микроконтролери од tiny сериите, ама па како за малер од ним ни трага ни глас кај нас нема. Во иднина кога ќе го совладам прилично подобро програмскиов јазик кој го учам за PIC, сакам да се префрлам на AVR, да се проширам малку, но се зависи од тоа дали микроконтролерите ќе се прошират малку повеќе кај нас, дали ќе бидат достапни или не
Од она што го имам читано за AVR, мислам дека се доста солидни микроконтролери со добри можности.
Поради тоа што јас немам никогаш учено програмски јазици на школо, односно сум самоук малку ми е проблем додека се навикнам и научам како оди програмирањето, кај бејзик-от (mikroBasic) на микроелектроника е едноставно да се научат командите, плус тоа имате помошна библиотека со преку 500 страни доколку сакате нешто да принаучите за одредени функции, ако некогаш во иднина се нафатам да учам да работам со овај тип мцу, најверојатно ќе го користам пакетот од микроелектроника