Author Topic: Ми треба помош за поправка на UPS  (Read 1376 times)

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Ми треба помош за поправка на UPS
« Opened on 20.02.2011, Sunday, 18:46:56 (Edited 20.02.2011, Sunday, 23:04:51) »
Ми треба помош, имам едно УПС го земав од бувљак имаше голем трансформатор, божем заради трансформаторот го земав, ама сега сакам да пробам да го оправам, има шанса да работи.
Сега, типот е MGE pulsar evolution 650 VA, еве слика:
Code: [Select]
http://www.wave.no/datasheet.html?id=8547&from=products&category_id=69
Проблемот е што ништо не работи - не се подига ако може така да се каже.
Најдобро би ми помогнало доколку некој има шема да ми даде, ако не било каква помош е добредојдена... :)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Помош за поправка на UPS
« Reply #1 on 20.02.2011, Sunday, 18:58:22 »
Дали провери дали трафото е исправно ? Ако работи тоа ке можеш да го искористиш ако не ништо, за делови само. Стави пред насловот едно Ми треба
 :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline sisko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 65
Одг: Помош за поправка на UPS
« Reply #2 on 20.02.2011, Sunday, 19:17:14 »
Со неколкуте упс-и со кои се имам сретнато без потрошувач не работат,односно не покажуваат никакви знаци кога ке приклучиш нешто на нив тие се вклучуваат, провери да не го имаш испуштено овој метод .

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Помош за поправка на UPS
« Reply #3 on 20.02.2011, Sunday, 19:52:47 »
Обично кај сите фрлени УПС-и е цркнат акумулаторот.УПС-от треба да работи(ако е електрониката во ред!) и ако не работи делот за полнење на акумулаторот.Не кажа многу подробности- свети нешто,мига,тотално е мртов.... Растури го,приклучи некое неиндуктивно оптоварување и види до каде идат напоните.Шема сам побарај ,има ставено во постовите некои линкови(пред се руски,романски,полски...) со можност да се најде некоја шема.

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Одг: Помош за поправка на UPS
« Reply #4 on 20.02.2011, Sunday, 19:59:31 »
Колку од прилика се големи трафоата од упс ? колку w  :) ?

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: Помош за поправка на UPS
« Reply #5 on 20.02.2011, Sunday, 20:16:35 »
Колку од прилика се големи трафоата од упс ? колку w  :) ?

Па зависи од моќноста на UPS-то, може да најдеш 400W, 500W, 1000W трафо ;).

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Значи ништо не работи. Тотално е мртво. Како што кажа батка, акумулаторот најверојатно му бил цркнат, а сега ми е без акумулатор. Може ли за тоа да не се пали? (Чисто само да светне нешто..)
Инаку ова е малку поголем упс, има приклучок за УСБ, сериски порт, има 4 излезни приклучоци, од кои 2 се програмабилни (така пишува над нив, најверојатно нешто преку компјутерот се сетира кога да се уклучат пошто има и релиња на секој излез..)
Инаку упс-от пишува дека е 500 W ама трафото вака на прв поглед не ми изгледа баш за 500 W, максимум му давам до 200 W.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
колку пари го купи?

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
600 денари ... :)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Барав нешто на net шема или service manual за чудово, ама сеуште е нов како производ, дур да има leaked schematic некаде на net, ќе поминат барем две или три години дур се појави јавно по форуми итн. :S. Како и да е, шемите на овие типови на UPS-и се слични едни на други, идто како и за компјутерските напојувања ;). Ако не само пиши ги контролерите кои се (интегралните кола кои ги има на главната плочка) и сликај ја двостарно, да видиме од каде доаѓаат жиците за напојување, итн., па ќе вдииме на net дали има datasheet за колата. Ако има, само провери им ги напоните на напојување на колата, ако некој напон фали, се ваќаш некој степен назад да видиш од кој дел доаѓа напонот за напојување на колата, па пробај смени, и така се додека не дојдеш до местото каде што е проблемот ;). Мислам дека ќе се снајдеш ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline 007

  • Нов член
  • *
  • Posts: 36
Одг: Ми треба помош за поправка на UPS
« Reply #10 on 22.05.2011, Sunday, 15:03:44 (Edited 22.05.2011, Sunday, 16:05:39) »
poveketo ups-i ne trgnuvaat ako baterijata e padnata, odnosno ako naponot na baterijata e pomal od 6-7v, ektronikata ne raboti .Zemi za proba kakov bil 12v akomulator

Quote from: Администрација
Пишувај на кирилица !!! Читај правила !!!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Вчера барав батерија за УПС 500 ватен и 17Аh цената е некаде околу 1600 денара.