Ако се прави приемник со TDA7000, ама имам еден проблем и тоа
.....
иако квалитетот на TDA7000 е задоволителен за приемник ..... фреквенциската карактеристика на детектираниот НФ- сигнал не е доволно широка за примена на класичен стереодекодер....... овој проблем се решава со примена на т.н псевдостерео коло ......
1.што е тоа псевдостерео коло, поточно какво коло е тоа
2. дали ќе може шема за тоа коло како да се изведе
3. дали после тој склоп се приклучува засилувач или такво нешто ?
или сигналот директно се води на звучникот ?
Псевдостерео коло е коло завртувач на фазата на едниот канал, т.е. зема моно сигнал и ја врти фазата и го пушта оригиналниот сигнал како на пример лев а малку завртениот (се подесува) на десниот канал. Се добива лажен стерео ефект ама е константен. Тотално неупотребливо бидејќи нема ни „с“ од оригиналниот стерео сигнал што сакаш да го фатиш. И да, тоа после оди на појачало бидејќи тој склоп се прави со операциски појачала, имаше во Емитер од 1995та (мислам дека го имам бројот тука некаде ако сепак некој е заинтересиран ќе го скенирам). Инаку точно е дека TDA7000 нема доволно широк аудио опсег за да може да го пренесе изворниот MPX сигнал на стереото за да може да се декодира со друг чип декодер така да ништо од стерео прием со TDA7000. Гледам некои дечки со промена на некои елементи (кондензатори) можат да направат и да „добие“ стерео ама во секој случај звукот е лош.