Author Topic: 2x15W засилувач со TDA4935  (Read 1613 times)

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
2x15W засилувач со TDA4935
« Opened on 01.03.2011, Tuesday, 20:33:27 »
Стерео аудио засилувач со излезна моќност од 15W по канал базиран на интегралното коло TDA4935 произведено од Siemens.


Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 2x15W засилувач со TDA4935
« Reply #1 on 07.03.2011, Monday, 15:51:51 »
Eве го мосниот спој кој дава 30 W,а содржи многу малку малку елементи.И што е најважно - свири убаво!

Offline at.koce

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 501
  • Gender: Male
Одг: 2x15W засилувач со TDA4935
« Reply #2 on 07.03.2011, Monday, 16:27:22 »
Quote
...И што е најважно - свири убаво!
Батка го имаш тестирано? Иначе ако некој знае цена на ова ИК нека ми пише пм  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 2x15W засилувач со TDA4935
« Reply #3 on 08.03.2011, Tuesday, 00:28:12 »
Овој мостов го направија дечкиве за едно гитарско појачалце.Дава солидни 28 вати со 0,55% изобличување ,грее како и сите ТДАхх ,бара ладилник .Овој го поставивме на еден кулер од процесор 945 сокет со  доста успех.Работи без грешка!!

Offline at.koce

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 501
  • Gender: Male
Одг: 2x15W засилувач со TDA4935
« Reply #4 on 08.03.2011, Tuesday, 14:01:58 »
Ок батка, фала многу  :)

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Одг: 2x15W засилувач со TDA4935
« Reply #5 on 10.03.2011, Thursday, 14:51:51 »
Колку пари кошта цела шема да се изведи??
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline at.koce

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 501
  • Gender: Male
Одг: 2x15W засилувач со TDA4935
« Reply #6 on 10.03.2011, Thursday, 15:05:25 »
Само TDA4935 е 1,238.00 ден. во една поснабдена продавница во Скопје..

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 2x15W засилувач со TDA4935
« Reply #7 on 10.03.2011, Thursday, 15:36:30 »
 Во една средно снабдена продавница во комшилук е 10 евра!! Овие во СК нека си го чуваат!! ;D

electron

  • Guest
Одг: 2x15W засилувач со TDA4935
« Reply #8 on 10.03.2011, Thursday, 16:23:58 »
Овој мостов го направија дечкиве за едно гитарско појачалце.Дава солидни 28 вати со 0,55% изобличување ,грее како и сите ТДАхх ,бара ладилник .Овој го поставивме на еден кулер од процесор 945 сокет со  доста успех.Работи без грешка!!

Само 0,55% изобличување?
Прашувам, бидејќи производителот (Siemens) декларира изобличување од 1% на 24 вати и 10% на 30 вати при мостен спој и напон од 24 волти.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 2x15W засилувач со TDA4935
« Reply #9 on 10.03.2011, Thursday, 16:51:11 »
Ако мерењата беа точни - на 20В со 0,775 мВ на влез се постигнува точно 27,6 вати со 0,55 % изобличување,според мерењата на инструмент. На друго место пак сретнав 0,8% при 22  вати и 18 волти напојување. Во основа ,понекогаш и самите производители ги *фризираат* податоците.

electron

  • Guest
Одг: 2x15W засилувач со TDA4935
« Reply #10 on 11.03.2011, Friday, 03:28:17 »
Тоа е точно, со мерење и експериментирање може да се дојде до веродостојни резултати, но она што ме буни е зошто производителот напишал толку лоши карактеристики?
"Фризирање" е да пишува дека компонентите имаат подобри карактеристики, односно да напишат дека има THD од 0.08%, а при мерење да добиеме 0.55% тоа е донекаде прифатливо, но тука ситуацијата е сосема спротивна.
Ако некој сака да изработи засилувач со слична моќност, и притоа разгледа повеќе шеми со TDA и LM на пример TDA 4935 и LM 1875, и ако ги прочита нивните карактеристики, логично би било да го избере вториот бидејќи има помало изобличување...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 2x15W засилувач со TDA4935
« Reply #11 on 11.03.2011, Friday, 07:51:45 »
Точно,се слагам.Но,во стварноста има многу нелогичности: производителот пишува дека еден транзистор има гранична фреквенција од 100Мхз,а во стварност работи и на 144 Мхз,или јачината на некој НФ појачувач има по спецификации 15 вати,а во реалност достигнува и до 20.Се случува и првата (нулта) серија на која се извршени мерењата да биде полоша од следните серии.