тие се ставаат зависно од тоа каков оптокаплер имаш, не секој оптокаплер има база (на излезниот дел), пр кај овај имало и за да не му пречи базата во работата (оти ако донесеш некоја струја ќе го активираш тој транзисторот и преку базата) па вака со ова се држи на некое ниско ниво
зависи кое е полето кое го создаваат моторите, ама пошто претпоставувам дека цел систем ти е заземјен, а моторите се оклопени со некој кафез (во смисла на тоа што се од метал направени) не би требало да ти се појават пречки, кога ќе бараш оптокаплери, мој предлог би било (доколку е финансиски исплатливо да се земаат) да бараш оптокаплери со шмитов тригер на излез, односно без разлика што има на влез (дали е со пречки сигналот или не) тие на излез ќе дадат некој правоаголен импулс, овие се добри баш за твојата намена многу малку (скоро ич) не се чувствителни на пречки по линија или ако немаш такво, после излез земи сигналите носи ги на шмит тригери
, или пред да влезат во оптокаплерите (+- сеедно)
незнам како го земаш сигналот, јас те разбрав од крајни прекинувачи, ако е така нема да имаш проблем со пречки, ако го земаш некако од напојувањето на моторот ќе имаш проблем ќе дава некој чуден импулс на старт и стоп заради силата, кога стартова ќе влечи голема струја и ќе прави пад на напон
доколку имаш многу сигнали кој треба да ги следиш, за да не пушташ многу кабли размисли за CAN комуникација
ако се одлучиш за верзијата со кабли, земи си LAN кабел со обвивка и нема да имаш никаков проблем