Еве мал додаток за програматорот PICkit2, тоа е ZIF подножје (Zero Insertion Force)
Може да се програмираат 8, 14, 18, 28 и 40-пински PIC микроконтролери кои што се во DIP куќиште, а исто и епроми од серијата 24Cxx.
Пластичната кутија е од Логинг, со ознака BOX G407.
Цената на кутијата е 210 денари.
http://www.loging.mk/2280/168691/0/ShowProduct/Kutija
Преклопникот од страна, ја спојува VPP линијата со 8, 14, 18 ИЛИ со 28, 40-пинските PIC-ови.
Поинаку не можеше да се изведе, морав со преклопник.
Во прилог има нацрт за плочката во PDF формат и цртеж за малата налепница, нацртана во CorelDraw.