Можно е да е некој ладен лем, или излезниот засилувач за woofer-от да зеза (тие се најчесто интегрирани засилувачи во D класа, се во еден чип, засилувач за wooofer и за сателитите). Исто може и да е некој кондензатор во напојувачката секција... може многу работи да се, зависи од тоа каков е дизајнот на woofer-от :S.
Пробај прелеми ги контактите на местата кои се блиски до излезот на сигналот за woofer-от, па види дали ќе се јавува истиот проблем. Ако има SMD компоненти на плочата, не ги прелемувај нив, само обичните прелеми ги
. Ако пак се јавува проблемот, провери некој кондензатор да не е подуен. Ако е подуен, смени го со нов. Ако повторно се јавува проблемот, исчитај ги интегрираните кола од плочката и пиши ни кои се, за да знаеме за каков тип на засилувач станува збор, па можеби пдобро ќе можеме да ти помогнеме
. Ако можеш, побарај и сервисна шема или само шема по net-ов, сигурен сум дека е копија од некој друг woofer на LG или некој друг попознат бренд
.