Мора иста како неа ?
иста боја да е...тоа е најважно...ц ц ц ...А бе дечки као на тезга муабет за компири да правите а не за електорника.
Значи верувам дека ви е познато дека секоја електронска компонента има свои карактеристики. Така да потребно е доколку е некој елемент расипан да се замени со соодветен ист таков, во најмала рака некој со слични карактеристики. На пример: неисправна диода од грец...Може да се стави било каква исправувачка диода со слични карактеристики зависно од колото во кое се наоѓа. на пример 1N4001 може да се замени со 1N4007, но обратно не...Доколку ги погледнете карактеристиките се4 ке ви биде јасно...Многу често и искуството дозволува да си играте со замена на делови, но само во моменти кога немате при рака оригинал. Сепак тоа само колку за проба. По извршена дефектацја, најдобро е да се стави оригинал доколку се работи за некој поспецифичен елемент. Диодата не спаѓа во нив.
Е сеа во поглед на мрежата на дивидито...Зуењето се јавува од мрежниот дел...Најверојатно има некакво оштетување, а за какво поточно мора да се провери. Викааш одлемен кондензатор...Обично страдаат кондензаторите од 1000 микро фаради, два комада ги има.
Доколку не е до нив сигурно има уште некакво оштетување...
Дај малку поконкретни податоци за и околу деловите во мрежното напојување.
Поздрав