Проблемот е следен. При мали потреси мониторот ја спушта сликата надолу. Доколку ја поткренам десната страна од мониторот (да речеме со некој предмет), сликата се враќа во нормала, притоа при потреси може сликата пак да се намали. Најверојатно се работи за ладен лем, бидејќи мониторот работи во одредени позиции без многу мрдање. Сакам сам да го поправам, но досега не сум отворил монитор.
- Малку прочепкав по нетов и забележав дека прво треба да го испразнам екранот од напон, бидејќи може да предизвика изгореници(ако не и полошо?) ако некаде го допрам. Како да го направам тоа?
- Дали има и некои други кондензатори кои чуваат во себе опасен напон и како да ги испразнам и нив?
За проблемот што го имаш не треба ништо да празниш, освен да е исклучено од мрежен непон.
На вратот од екранот имаш намотки за вертикален и хоризонтален отклон на снопот електрони,, потребно е да ги следиш жиците од овој склоп, едните водат до високонапонското трафо, и тоа е хоризонталниот отклон, а другите водат до вертикалниот степен и тоа е најчесто интегралец на ладило, во негова околина има електролити, а најчесто моше да е отпорникот во вредност од неколку ома преку кој се напојува интегралецот, или тримерите кој служат за центрирање на сликата.
Се надевам ќе се снајдеш
поздрав