Поздрав до сите членови на форумов. Нов сум и се надевам дека ќе се најдам во некоја од темите понатака, а за почеток, би поставил прашање, под услов да не сум ја утнал рубриката:
Имам аудио видео сараунд ресивер Kenwood 5030D, и имам проблем: понекогаш се вклучува со звук, понекогаш не, или кога ќе го вклучам, а работи, ако сменам нешто на селекторот (дали сорс, или друго), може повторно да затупи. И сега барам сервис, кој има поддршка за овој тип на апарати, бидејќи сум на мислење дека не е класичен хардверски квар.