Различно е на секоја кола. Треба да знаеш на колку степени се мести палењето и каде се ознаките. Кога го знаеш ова стробоскопот се закачува на + и - на акумулаторот за да зема напон а сигнал за кога да светне се зима од првата свекица. После приклучување се пали возилото се остава да постигне работна температура. Кога ке постигне се вперува стробото кон ознаките со секое негово светкање ке ги видиш ознаките. Значи треба да имаш литература кај се ознаките и колку степени изнесува палењето за тоа возило и на толку го местиш. Се мести со благо ротирање на разводникот.
Цело ова погоре напишано е за постари возила, новите возила со нивно ЕCU самите го местат аголот на палење. Тоа е тоа во кратки црти