Author Topic: Користење сијалички за проверка на ВФ моќта  (Read 2000 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Многу пати се случува да немате SWR/Power метар. А ве интересира отприлика колку вати дава некој предавател / вф засилувач? Со подолната метода не можете точно да утврдите колку но барем ќе знаете дали е во рангот на 1W, 10W или 100W. Под 0.5W со овој метод неможете да детектирате, подобро напревете го едноставниот ВФ метар за помали снаги (од 10mW до 1W). Имајте на ум дека сијаличката треба да биде приклучена што е можно поблиску до ВФ излезот и најдобро со парче коаксијален кабел од 50 ома (RG58).

  - За проверка од 0.5W до 2W на излезот од предавателот/ВФ засилувачот поврзете минијатурна сијаличка за осветливање на дисплеите за авто-радио од 6V или од 12V. Доколку сијаличката едвај жари имате под 0.5W, доколку свети малку имате 0.5W, доколку свети нормално имате 1W, доколку свети многу имате 2W. Над 2W ќе прегори и доколку прегори ќе остане излезот од предавателот немоврзан и може да го оштетите, затоа сијаличката мора да биде секогаш приклучена (дури и залемена).

  - За проверка од 2W до 10W користите сијаличка од 2W (за инструмент табла од кола). Доколку сијаличката свети малку имате 2W, ако свети средно имате 5W, ако свети многу имате околу 10W. Истите совети важат како и во претходно кажаниот случај.

  - За проверка од 10W до 40W користите сијаличка 220V/10W што се користат за осветлување на иконите или во фрижидерите. Доколку оваа сијаличка свети малку (жари), имате 10W, доколку свети средно имате 25-30W а доколку свети нормално имате над 40W.

  - За проверка над 40W па се до 200W користите нормална сијалица од 220V/100W. Кога оваа сијалица жари имате 40W, Кога свети малку имате 60W, Кога свети средно имате 100W а кога свети нормално имате околу 200W.

Овие мерења се релативни и зависат многу од производителот на сијалицата (капацитетот и индуктивитетот на сијалицата) сепак ќе можете отприлика да видите дали некој ве лаже за снагата на предавателот на лице место.

Многу важно: Со користење на овој метод беше водено сметка предавателот да виде оптеретуван релативно добро од 20 до 200 ома (не многу голем SWR) со што методот доколку сијалицата е приклучена би бил релативно сигурен за излезот од предавателот, но сепак авторот на овој текст (јас) не одговарам доколку нешто му се случи на вашиот предавател.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Moжно е сијалицата врзана паралелно со ВФ метарот да дава пореални резултати одколку со отпорник и слични како да е поврзан на антена
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Сијалицата се употребува за тестирање на веќе подесен уред или фабрички уред. Ако се штелува снага према сијалицата сигурно ќе биде погрешно иако барем ќе знаете ако свети има повеќе излезна снага отколку да не свети ич :D
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
- За проверка од 0.5W до 2W на излезот од предавателот/ВФ засилувачот поврзете минијатурна сијаличка за осветливање на дисплеите за авто-радио од 6V или од 12V. Доколку сијаличката едвај жари имате под 0.5W, доколку свети малку имате 0.5W, доколку свети нормално имате 1W, доколку свети многу имате 2W. Над 2W ќе прегори и доколку прегори ќе остане излезот од предавателот немоврзан и може да го оштетите, затоа сијаличката мора да биде секогаш приклучена (дури и залемена).
А како да ја најдам таа сијаличка, дали се продава и под кое име се води да знам како да прашам?
Дали подобро е 6 или 12V?
Колку оми е таа сијаличка?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Таа сијаличка се продава по продавниците за електроника но слична е со сијаличките кои се користат за елка (не оние големите туку оние минијатурните што се колку зрно ориз) и подобро е 12V мислам (малку повеќе свети на дадена снага, поблиску е со омажа до 50 оми отколку таа на 6V).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.