ПОздрав колеги
Веќе испратив пост на тема за соларните панели , но сепак не е на одмет да направам и нова тема , зошто соларните панели и бесплатната енергија се топ-теми секаде.Со обзир на ценава на струја и парите што ги бара ЕВН за приклучок ( кој од Нова година се зборува дека ќе изнесува 1000 евра ), соларните панели и останатите алтернативни извори се исплатливи.
Почетокот на идејата за градба на соларни панели беше за мојата викендица , за која ми требаа околу 3-4000 евра за да донесам струја.Добив идеја тие пари да ги наменам за соларни панели , ем поефтино , ем беспари струја.
Ама панели од увоз се скапи ?!Па се решив за самоградба ,Навистина , имаше „падни - стани “ со технологијата на производство , ама по 3-4 месеци , успеав..Морав да изградам неколку верзии за машината за ламинација и печење , ама се исплати кога излезе готовиот производ во форма на панел 110 х 100 цм. и карактеристики : 24 в /110 вати.Панелот , едниот тип е изграден од поликристални келии , 72 на број , а другиот тип е со истите димензии , но други карактеристики : 12 в / 120 вати и 36 монокристални келии .Веќе се наместени во неколку викендички , зедно со акумулатори , контролери за полнење на иситите акумулатори и инвертори за добивање на 220 в од акумулаторите..
Повеќе податоци има на мојата веб-страна
www.mfc-solar.webs.com
Ако некој се одлучи да го прави овој чекор , ќе му порачам , добро да размисли ...
Сите фирми од Америка , Кина и др. земји , од каде ги набавив материјалите бараат голема количина да порачаш , ако сакаш пониска цена , за едно 2 парчина , не се исплати.
Поготово што , изработката на машината за производство бара знаење , скапи материјали , кои тешко се наоѓаат , а самиот процес на производство бара температура од околу 150 степени и вакуум блиску до нула !!!
Звонко