Author Topic: Проблем со фрижидер Samsung RL41WCSW [РЕШЕНО]  (Read 22273 times)

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Мислам дека мајсторот за фрижидерот ги лапна сите пари, а го замолил винклерот кој му е пријател да му го навинклува моторчето :) можда ке го почасти нешто, ама мене не ми е битно, т.е. му кажав кога му давав пари дека сигурно и винклерот ке сака нешто. Не дека мајсторот нешто многу направи, го отвори долниот дел од фрижидерот и го извади моторчето, )
Мајсторот изгубил време можеби и друг муштерија, знаел каде и што да бара и провери, тоа се се наплаќа.
Секаде во светот тоа е нормално да се наплати освен во Македониа, затоа мајсторот рекол 1000 за винклерот.
Ако каже 500 за винклерот 500 за мене, реакциите кај народот се од типот, за 2 штрафа бараш 500 ден ти луд ли си?
 Не сугерирам дека ти си таков, незнам каков си.
Со здравје да го користиш фрижидерот.

@bicikle  Зошто би биле други стандардите за резервни делови? Имаш резервни делови со полош, исти и подобар квалитет од оригиналните.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline blizzard

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
абе ја и 2000 да ми побараше ке му дадев. Да знаете само како е 2 недели на горештиниве како е без фрижидер :)  а човекот за 2 дена го направи.

Мајсторот и ништо да не направи пак ке заслужеше 1000че, бидејќи најде човек кој ке го направи моторот. Дали ке му даде пари на винклерот не ме интересира, тоа си е меѓу нив. Во денешно време конекциите се битни за успешна работа.

Дај објаснете што е тоа варистори? колку пари би чинело за во стан? Чудно имам осигурачи комплет, зашто немаат избиено при двојна фаза од цца. 400 волти во штекер...?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ако мајсторот е професионален и даночен обврзник треба да чивее и тој и неговото семејство и да ги плаќа сите останати давачки што пристигаат во сандачето секој  месец.

Чисто се сомневам дека е даночен обврзник, но без разлика, не поминал скапо ;). Нека му се алал парите ;).

абе ја и 2000 да ми побараше ке му дадев. Да знаете само како е 2 недели на горештиниве како е без фрижидер :)  а човекот за 2 дена го направи.

Браво :). Пак ќе пишам, алал нека му се парите :).

Мајсторот и ништо да не направи пак ке заслужеше 1000че, бидејќи најде човек кој ке го направи моторот.

Токму така ;). Ова е многу често поважно од тоа што си направил за тие пари - да ги знаеш правилните луѓе и контакти ;). Он се бафта со фрижидери, нормално е дека ќе знае луѓе кои винклуваат мотори ;). Ти не си во таа бранша, нормално е да не знаеш винклери ;)... но, ако сакаш итно да се среди проблемот, епа да, ќе си платиш за таа „информација“ (т.е. он ќе го однесе, за да не дознаеш кај кого го носи, за не одиш сам друг пат, добра финта и често ја прават мајсторите ;), но сепак, не си поминал скапо ;)).

Дај објаснете што е тоа варистори? колку пари би чинело за во стан? Чудно имам осигурачи комплет, зашто немаат избиено при двојна фаза од цца. 400 волти во штекер...?

Варистори се едни малечки делчиња, личат на осигурувачи, и се активираат (одат во краток спој) ако напонот меѓу нивните краеви надмине определена вредност (на пример 250V~). За разлика од осигурвачите, се поставуваат паралелно меѓу фаза и нула или меѓу две фази. Може да се монтираат во штекер или во продолжен кабел... практично, било каде, мали се :). Се поставуваат по осигурувачите, бидејќи, поентата е, ако напонот надмине определена вредност, они да изреагираат, да направат краток спој во колото (меѓу фаза и нула) и осигурвачите да изгорат (или да се стават во OFF позиција ако се електромагнетни, од новите). Се разбира, пред да ги смениш осигурувачите, ќе треба да ги смениш варисторите бидејќи, ако ги смениш осигурувачите, пак ќе изгорат бидејќи варисторите прават краток спој во колото (или евентуално да ги извадиш... ако си сигурен дека се е ОК во електричната мрежа и дека нема опасност до уредите ;)). Но, откако ќе ги извадиш или смениш, се ќе си биде ОК :).

Се продаваат и продолжни кабли со варистори во нив, побарај ;)... ако не сакаш да викаш електричар да додава варистори во електричната инсталација ;). Не е голем зафат, но одезема време и пари... ти си знаеш, како сакаш :).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Варистор е исто како осигурач само што нсместо на струја реагира на напон, до 250вац има многу голем отпор ( исто како да не е ставен) но над 250 вац отпорот паѓа рапидно и прави краток спој, со што ги турка осигурачите.
Трафото и моторот би повлекле т.е. повлекле скоро дупло струја, но тоа е далеку од 10А за да реагира осигурачот, но сепак многу за ними.

"@bicikle  Зошто би биле други стандардите за резервни делови? Имаш резервни делови со полош, исти и подобар квалитет од оригиналните"
За бела техника стриктно не сум сигурен, но во автоо индуструјата е така. Зошто? Појма немам, ама е така, таква им е политиката и тоа е тоа.
Не реков дека е скапо или ефтино, него некако дојде стартна тарифа. А баш моторот од косилица го премптував ск, кај што е поскапо.
И па ќе потенцирам дека не е скапо да дојде дома кај тебез да го извади моторот, да бара винклер, да го однесе, да го земи и да го намести за 1000-че... Можел да ти речи барљј си сам или земи нов ќе го монтирам...

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Едит: Гига, колку би одзело монтирање на 6 варистори, и колку би чинело? Варисторите се ефтини, монтажата не бара нимпраекопувања ни ништо, на главните осигурачи ќе ги монтира за 15 минс испраксан мајстор , колку би зел? Или на продолжен нека е, или штекер...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Едит: Гига, колку би одзело монтирање на 6 варистори, и колку би чинело? Варисторите се ефтини, монтажата не бара нимпраекопувања ни ништо, на главните осигурачи ќе ги монтира за 15 минс испраксан мајстор , колку би зел? Или на продолжен нека е, или штекер...

Не знам, искрено не сум монтирал (ниту пак имам монтирано дома за да знам), затоа и го пишав тоа што го пишав, дека има и други опции (продолжен кабел со варистор во него), во случај да е скапа опцијата за монтирање на варистори директно во инсталацијата ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Колку да е скапо 4 жици да врзиш :) Баш тие каблите со варистор се ужас скапи... 2000+ ден. доуша се со ауто ресет, ама ваљда нема 10 пати во годината да ги мешаат фазите xD