Author Topic: Смешни и интересни цитати  (Read 79032 times)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Смешни и интересни цитати
« Reply #270 on 28.05.2020, Thursday, 22:44:52 (Edited 29.05.2020, Friday, 15:03:05) »
Сликата е во “некаков“ контекст со претходното !!!

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Смешни и интересни цитати
« Reply #271 on 12.06.2020, Friday, 17:55:10 »
ПOУЧНА ПРИКАЗНА: Бог прави чуда од нашите слабости
Некој стар трговец секое утро одел на изворот за да ги наполни своите стомни со вода и ги носел на рамена за да им ги даде на своите купци во градот.
Една од стомните била напукната и затоа губел дел од водата додека стигне, а другата стомна била потполно нова и носела повеќе пари.
Целосната стомна се гордеела со себе, додека пак оштетената стомна се срамела. Чувствувајќи се помалку вредна оштетената стомна му рекла на својот сопственик:
„Се срамам затоа што не можам да ти служам онака како што сакам. Свесна сум за своите ограничувања и дека поради мене не ја добиваш очекуваната заработка, затоа што сум речиси празна кога ќе стигнеме во град. Те молам прости ми за мојата слабост.“
Следното утро, на патот кон градот, сопственикот ја запрашал оштетена стомна:
„Погледни крај патот, што гледаш?“
„Прекрасно е, полно со цвеќиња!’ – одговорила стомната.
Тогаш човекот рекол:
„Прекрасно е поради тебе. Дали си забележала дека цвеќињата покрај патот се само од твојата страна, а не и од страната на здравата стомна? Тоа е затоа што знаев за својот недостаток и купив семе и го посеав на твојата страна од патот, а ти, незнаејќи, секој ден ја полеваше почвата. Веќе две години го собирам тоа чудесно цвеќе кое на мене и на моето семејство ни носи толку многу радост. Кога ти не би била таква каква што си, тоа цвеќе не би нѐ радувало толку. Затоа не заборавај дека сите сме помалку скршени, но Бог знае како да направи чудо од нашите слабости.“
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #272 on 14.06.2020, Sunday, 01:59:35 »
Не напрајл Бог никакво чудо, селанецот добро ја изменаџирал ситуацијата.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Смешни и интересни цитати
« Reply #273 on 29.06.2020, Monday, 16:38:17 »
“Наведната глава сабја не ја сече, но и сонце не гледа”.
“Наведната глава сабја не ја сече, но и гаќите се слечени”.
“Наведната глава сабја не ја сече, но и задникот секогаш е од зад ”.
“Наведната глава сабја не ја сече, но и фластер на устата”.
“Наведната глава сабја не ја сече, но и доживотен измеќар”.
“Наведната глава сабја не ја сече, но и родот изумира”.
“Наведната глава сабја не ја сече, но и камен на градите има”.
“Наведната глава сабја не ја сече, но и пеколот не и бега”.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Смешни и интересни цитати
« Reply #274 on 06.07.2020, Monday, 15:36:26 »
Таму на гробот стои „Јас лежам долу, а ти си горе. Сепак, подбро би било ти да лежиш овде, а јас да сум горе…“ 
Алан Форд
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Смешни и интересни цитати
« Reply #275 on 18.08.2020, Tuesday, 17:18:42 »
Ќе прати предавници Грци
лицем светци срцем в'лци
ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе ве м'лзат до крв.

Меѓу народа ќе сејат
несогласје и раздори,
да се мразат син со татка и со брата брат.
Еј! И со брата брат.

И ќе викнете до Бога
и крило не ќе најдете,
смирени ќе наведете глави доземи.
Еј! Глави до земи.

Погледал патрик на сино небо, љуто прок'лнал.
Еј! Љуто проколнал:

„Ох! послушај, милиј Боже!
Аир никогаш да немаат"

Милостивиј Бог послушал
патричка горешта клетва,
слава нивна, семе нивно погубил со шум.
Еј! Погубил со шум.

И сега во куќи нивни
ткае пајак пајажина
и во пусти стреи нивни хукаат утови.
Еј! Хукаат утови.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Смешни и интересни цитати
« Reply #276 on 27.08.2020, Thursday, 19:13:31 »
Менување на „глаголот“ FACEBOOK.

ЈАС објавувам
ТИ коментираш
ТОЈ, ТАА, ТОА лајкува
НИЕ споделуваме
ВИЕ гледате
ТИЕ се смеат

НИКОЈ не работи…
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #277 on 29.08.2020, Saturday, 02:59:08 »
Абе сите работат... само што ова се модерни времиња, доста од работата се работи remotely :P :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Смешни и интересни цитати
« Reply #278 on 03.09.2020, Thursday, 20:37:06 »
Уживајте во мудроста на македонскиот народ од минатото, чии мисли се пренесуваат од генерација на генерација и ќе останат како отпечаток во нашиот идентитет уште многу години во иднина:

1. Болна жена, болна куќа.

2. Господ да те брани од покондурен опинок.

3. Арна ли ти е жената, свадба не ти треба.

4. На свиња бисер не нижи.

5. Во поголем град – поголем глад.

6. Вистината е како пипер во очи.

7. Варено, печено, нам ни било речено.

8. Веков за лошите е рај, а за арните маки без крај.

9. Господ да те брани од пијана жена и од бесна свиња.

10. Каде има сила, нема правдина.

11. Бело му е лицето, а црно му е срцето на нажален човек.

12. Дрво на дрво се потпира, а човек на човека.

13. Галени деца и на трпеза се качуваат.

14. Водата спие, душманот не спие.

15. Два лешника, еден орев кршат.

16. Високото дрво и чавките го серат.

17. Убавите круши свињите ги јадат.

18. Кој си краде од сонот, си краде од векот.

19. Бели пари за црни дни.

20. Ако немаше темница, виделината ич не ќе ми беше мила.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Смешни и интересни цитати
« Reply #279 on 05.09.2020, Saturday, 15:09:01 »

Џабе се величиш и удараш во гради дека си најголем,
најмоќен и најдобар кога сам на себе си не си
веруваш.
-----------------------------
Најголемата победа е да се победи сопственото его.
------------------------------
Живееме во свет на мрднати вредности, денес скоро
никој не ја цени добрината.
------------------------------
Ја барал еднаш еден човек вистината, ја барал но не
можел да ја најде бидејќи од секоја уста излегувала
друга вистина.
------------------------------
Најпаметниот не се прави и докажува дека е
најпаметен. Туку ги остава глупите да го прават тоа.
------------------------------
Со повозрасните луѓе многу полесно можеш да се
разбереш и повеќе можеш да научиш одколку со
помладите.
-------------------------------
Голем си онолку колку што мислиш дека си. Aма само
пази да не леташ во облаци.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Смешни и интересни цитати
« Reply #280 on 07.09.2020, Monday, 14:32:04 »
Жална слика и прилика

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #281 on 07.09.2020, Monday, 20:25:03 »
Што би рекол Ремарк, На Запад ништо ново.