Околу буквите. Во кодот се направени следниве букви (на кирилица):
А, Б, В, Е, И, Ј, К, Л, М, Н, Њ, О, Р, С, Т, Ч, знакче за срце (подпрограма Sr) и точка (подпрограма Tc). Значи, доста букви се веќе направени и можете да видите како. Како да донаправите ваши букви или знаци. Значи вака: Секоја буква (или знак) е потпрограма. На пример, овој дел од кодот е буквата Т:
T_ call Pr
bsf 0x10,0
call Pr
bsf 0x10,0
bsf 0x11,0
bsf 0x12,0
bsf 0x13,0
bsf 0x14,0
call Pr
bsf 0x10,0
call Pr
return
со наредбата bsf всушност вклучувате диоди во матрицата. 0х10 ви е првиот ред на диоди, 0х11 вториот и така натаму се до 0х14 кој е петтиот ред. Е, сега вака: си ја замислувате матрицата како колони одлево надесно. Со секоја наредба call Pr всушност ја носите програмата една колона подесно, значи буквата Т е направена вака (гледајте и во кодот): првата диода горе - вклучи. Колона надесно (call Pr). Вклучување на првата, втората, третата, четвртата, петтата диода (значи стапчето на Т). Колона надесно (пак). првата диода горе - вклучи. Крај на буквата Т (return).
Со повикување Call T_ ви ја покажува буквата Т во вашиот текст. Значи со овој модел можете да правите букви или знаци кој можат да бидат колку сакате колони широки (до 8 нормално). Се надевам е јасно. Експериментирајте и довршете го кодот со сите букви. Некој може ќе стави и латиница фонт ако има време и нерви