Author Topic: Термички прекинувач со MAX921  (Read 905 times)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Термички прекинувач со MAX921
« Opened on 18.03.2011, Friday, 01:01:54 (Edited 25.08.2013, Sunday, 06:56:23) »
at.koce бараше шема за термички прекинувач, па еве ја шемата јас што ја направив.



единствен проблем може да биде наоѓањето на интегралецот MAX921, јас дека ги имам неколку такви интегралци и со него ги правев, а и одредувањето на хистерезисот е многу лесен за него дека си има и посебни пинови за таа намена. хистерезисот се одредува со соодветна вредност на отпорникот R*. Колку Коми е отпорникот R* толку mV ке изнесува хистерезисот, јас го ставив 470K и доволно ми е толку. NTC термисторот е 3К, ама може да се стави колкав било, само ке треба да се води сметка и за тримерот што е поставен до него за да може да ја има истата отпорност како и термисторот кога ке сакаме да се изгаси релето. релето се гаси кога вредноста на термисторот ке ја достигне вредноста поставена на тримерот (напонот добиен на делителот на напон ке биде ист на двата влеза на компараторот). компараторот е поврзан така да кога ке се достигне одредената температура да се исклучи релето, ама тоа може да се смени со менување на влезовите на компараторот, односно тоа што е поврзано на пинот 3 да се поврзе на пинот 4 и обратно(тоа што е на пинот 4 да се поврзе на пинот 3). и тие двете диоди што водат на напојувањето на интегралецот се заради тоа што тој работи со максимален напон од 11V, а напојувањето е 12V. може и без нив да се стави (јас така го оставив...заборавив дека 11V му е максимален работен напон) па супер да си работи ама може некогаш проблеми да прави. доколку можете да најдете реле со работен напон од 8-9V тогаш напојувајте го со тој напон...и ако има нешто нејасно кажете...иначе може истово да се направи со кој било операциски засилувач или компаратор, само определувањето на хистерезисот нема да биде вака, и изводите нема да бидат исти...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Абе Бојан,не ке се јавев ама нешто ме погоди па морам да кажам: прво овде нема  операциски појачувачи,ами компаратори.Ова се што си го пишал - лошо си го препишал!(знам и од каде е ова,случајно) Уште да имаш неколку овакви Максими.... Али,си се потрудил Еве еден дата - шит од мене и читај!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Термички прекинувач со MAX921
« Reply #2 on 18.03.2011, Friday, 01:36:21 (Edited 18.03.2011, Friday, 01:57:43) »
за операцискиот засилувач си во право, моја грешка е. а тоа што викаш дека сум го препишал не си во право дека јас сам го имам пишувано ова. а за такви интегралци ги имам уште 10, па ако побара некој ке му дадам... тоа за хистерезисот го пишува и во даташитот, само тоа го имам прочитано и ми останало во глава па и тоа го напишав за некој ако сака да си менува колкав хистерезис сака да има...

и што поточно да читам од даташитот???
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Велиш:
Колку Коми е отпорникот R* толку mV ке изнесува хистерезисот, јас го ставив 470K и доволно ми е толку. NTC термисторот е 3К, ама може да се стави колкав било, само ке треба да се води сметка и за тримерот што е поставен до него за да може да ја има истата отпорност како и термисторот кога ке сакаме да се изгаси релето.

Не знам и не гледам како ги пресметуваш вредностите,ама во дата-шитот имате точни пресметки( со формули) за вредностите на отпорниците.Второ,секој МАХ 921 си има суфикс пр.МСА/ПР  кој означува дека вредностите на хистерезисот се зададени од -55 до +
125 степени целзиусови. Иначе ова твоја шема е обичен Витсонов мост,па не знам како ке функционира.Погледај ги оригиналните апликации за колото и пресметките.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
појма немам што те буни, изгледа ти го немаш прочитано даташитот  ;D....види на 10та страна за Hysteresis што пишува...

Quote
If 2.4MΩ is chosen for R2 (IREF =
0.5μA), the equation for R1 and VHB can be
approximated as:
R1(Komi)=Vhb(mV)

па според тоа го имам ставано отпорникот R*. за NTC-то ставив од 3К дека такво имав при рака...а и незнам што те буни... со тримерот ке наместиш на кој напон сакаш да ти се гаси релето-1/2 од хистерезисот. и кога делителот составен од отпорникот од 1К и NTC-то ке го достигне тој напон излезот од високо напонско ниво се префрла на ниско и релето се гаси...а и да ме утепаш сега нема да ми текне каков беше тој Витсонов мост...памтам дека го имаме учено по електрични мерења, ама дека досега ми нема затребано па го имам заборавено како беше...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Термички прекинувач со MAX921
« Reply #5 on 20.03.2011, Sunday, 18:26:40 (Edited 20.03.2011, Sunday, 18:35:10) »
Ако не знаеш што е Витсонов мост... прочитај! Иначе, не ми влегува во  глава твојава шема бидејки оригиналните апликации не соодветствуваат со представеното. Извини,ама не ми е во подполност јасно како ова работи,бидејки освен мостот со 2х1К ,3К НТЦ и 4,7 тример за воспоставување рамнотежа на мостот,не гледам друго за промена и пресметка на хистерезисот.А ова што го пишуваш нема врска со поставување на хистерезис.Само со вртење на тримерот не се воспоставува таква промена.Погледај ги формулите.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
за хистерезисот сум 100% сигурен дека е така...не си прочитал некој ред под равенките :P



а за Витсонов мост ке побарам по книги и ке прочитам...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Сум прочитал,сум прочитал,само ајде пресметај по формулите.Иначе Витсонов мост ти се оние 2х 1К,3К NTC и оној 4,7 тример.За да ги урамнотежиш двете гранки ,го подесуваш тримерот да биде 3К и тогаш имаш рамнотежа - она што ти го опишуваш како:
Колку Коми е отпорникот R* толку mV ке изнесува хистерезисот, јас го ставив 470K и доволно ми е толку. NTC термисторот е 3К, ама може да се стави колкав било, само ке треба да се води сметка и за тримерот што е поставен до него за да може да ја има истата отпорност како и термисторот кога ке сакаме да се изгаси релето.
И друго ,велиш:NTC термисторот е 3К, ама може да се стави колкав било,
Не може било каков,пред се заради тоа што опсегот на МАХ921 е однапред ограничен ,во определени температурни граници. Прочитај и види ги формулите во дата шитот.
( Не би сакал да ме мразиш по ова,немам намера да те омаловажам- напроти-сакам само да научиш ,макар само да повториш што е Витсонов мост! ;D)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
зашто мразење, не ни помислив на тоа...а и гледав на интернет за Витсонов мост, на него треба напонот да му се мери помеѓу двата влеза на компараторот, а компараторот ги мери тие напони спрема маса...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
зашто мразење, не ни помислив на тоа...а и гледав на интернет за Витсонов мост, на него треба напонот да му се мери помеѓу двата влеза на компараторот, а компараторот ги мери тие напони спрема маса...

Да, ама нема везе према која точка ги мери, можеи да ги мери према Vcc, битно е да има референтна точка ;). Е сега, бидејќи напонот може и да „мрда“ од неговата (условно) константна позиција, се смета дека најдобро е да се земе масата како референтна точка ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."